за ,

Шефот на PSA Peugeot Citroen се откажа од милионската пензија

По бурните протести на јавноста и институциите, шефот во заминување Филип Варен се откажа од пензијата во висина од 21 милиони евра. Владата коментира дека тоа е мудра одлука.

Групацијата PSA Peugeot Citroen во почетокот на неделава соопшти дека актуелниот шеф Филип Варен ќе го замени в година со поранешниот менаџер на Renault Карлос Таварес. За пензионирањето на 61-годишниот Варен беа одвоени 21 милиони евра од буџетот. Синдикатите, политичарите и јавноста реагираше бурно на висината на пензијата, особено покрај фактот што претпријатието се наоѓа во најголемата криза во историјата.

На тоа, шефот во заминување прво реагираше дека се работи за погрешна интерпретација, односно дека не станува збор за никакво обештетување поради предвременото пензионирање, туку за дополнителна пензија од околу 300.000 евра годишно, за што групацијата PSA Peugeot Citroen одвоила 21 милиони евра.

Под силниот притисок, синоќа Варен се изјасни дека се сложува неговата пензија да биде скусена. Со оваа одлука, тој избрал да им помогне на вработените во претпријатието да се концентрираат целосно на санирањето на PSA. Коментираше и францускиот министер за финансии Пјер Московичи: „Фили Варен слушна и разбра“.

Вкупно пет милијарди евра загуба во 2012 година

Во минатата година PSA Peugeot Citroen го забележа најголемиот минус во историјата, вкупно 5 милијарди евра. Драстичниот план мери за штедење, кој предвидува отпуштање на 8.000 работници во Франција, во 2012 предизвика бурни реакции кон социјалистичката влада во Париз.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кинези шверцувале коли во вредност од 120 милиони евра

Renault Twingo: 20 години млад!