за

Шефот на Mercedes си купи акции за еден милион евра во сопствената фирма

Доктор Дитер Цече, шефот на Mercedes си купи 22.0000 акции во Daimler AG. Со овој чекор, Цече инвестираше 1.146.000 евра во претпријатието со кое што раководи.

Со купувањето на акции во вредност од преку еден милион евра во сопствената фирма, Дитер Цече искажа доверба во позитивниот тренд на Daimler, концернот што стои зад марката Mercedes. Тоа воедно претставува знак и за другите акционери во Daimler да го направат истиот чекор. За купувањето на акциите Др. Цече ја искористи откупнината која што ја доби директно од реализацијата на постоечкиот план за акционерски опции од 2004 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Corvette доаѓа да ги мами погледите по европските патишта

Mini кампување во голем стил