Швајцарија предупредува за сообраќаен хаос по разлабавувањето на мерките

Швајцарија предупредува за сообраќаен хаос по разлабавувањето на мерките
Швајцарија предупредува за сообраќаен хаос по разлабавувањето на мерките

Швајцарските градови сакаат да се осигураат дека сообраќајниот систем ќе функционира и по отворањето на сите продавници, училишта, пазари, музеи, библиотеки и ресторани на 11-ти мај.

Градовите во Швајцарија апелираат работодавците да пуштат колку е можно поголем дел од вработените и натаму да ги извршуваат обврските од домот. На тој начин ќе се избегнат сообраќајните шпицови и воедно ќе се овозможи нормално функционирање на јавниот превоз, без големи турканици во автобусите и метроата, кои апсолутно мора да се спречуваат во услови на пандемијата.

Важно е да функционира и јавниот превоз, затоа што во спротивно луѓето ќе се решаваат, место вообичаениот превоз со автобус или метро, да ги користат своите автомобили на пат до работното место, што повторно ќе доведе до метеж и застои по улиците низ градовите.

Дополнителен проблем за компаниите што се задолжени за јавниот превоз се масивните губитоци поради мирувањето на сообраќајот и воопшто јавниот живот.

Европски градови им препуштаат улици на пешаци и велосипедисти

Европски градови им препуштаат улици на пешаци и велосипедисти
Европски градови им препуштаат улици на пешаци и велосипедисти

Претходна објаваRolls-Royce е прва британска марка што се враќа во погон
Следна објаваСервисите на Toyota победија на тестовите на германскиот Ауто Билд

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here