за

Црвениот бик го спобрка Renault Megane R.S.

Renault и Red Bull Racing ја прославуваат конструкторската титула во формула 1 со ограничена серија на специјалниот модел по овој повод, Megane R.S. Red Bull Racing RB8.

Ограничената серија на моделот ќе биде достапна во 26 земји, а продажбата во Франција ќе стартува кон крајот на јуни, со цени кои што ќе почнуваат од 36.000 евра. Втора година по ред Megane R.S. се носи во боите на Ред Бул Рејсинг. Секако дека освен тркачки бои има и напредна технологија.

Renault_47222_global_en

Ексклузивната сина боја е инспирирана директно од препознатливите бои на тркачкиот тим, а амблемите Red Bull Racing на задниот дел од возилото и отстрана укажуваат дека се работи за модел од ограничената серија. Рачките на вратите, куќиштата на ретровизорите и продолжетоците на предниот и задниот спојлер се лакирани во пратинесто сива боја и создаваат контраст со темната каросерија. Монохроматски испис на задните прозорци ја прославува конструкторската титула на тимот во 2012 година.

Renault_47221_global_en

Во внатрешноста исто така се впечатливи белезите на Red Bull, на алуминиумските прагови, на патосниците, на потпирачите за глава на седиштата Recaro кои што се изработени во комбинација од кожа и текстил. Специјалниот Mégane R.S. е стандардно опремен со истите гуми нa Bridgestone со кои што Megane Trophy постави рекорд на Нирбургринг. Бандажите имаат пречник од 19 инчи и бојадисани се во темна боја, со сиви завртки.

Renault_47218_global_en

За Mégane R.S. e достапен мултимедискиот таблет R-Ling со шест функции, односно навигација, телефонија, мултимедија, функции на возило и на системи, како и каталог на апликации, со кои што се ракува гласовно, преку џојстикот на средишната конзола или преку екранот на допир. Покрај R-Link е достапна и нова верзија на R.S. Monitor што особено ќе го ценат љубителите на спортското возење. Корисниците повеќе не мора да избираат меѓу навигација или телеметриски системи, поади тоа што нацигацискиот систем Tom Tom Live сега е дел од R-Link.

Во поглед на погонот, техниката останува непроменета, а тоа значи спортско подвозје, блокада на диференцијал и дволитарски турбо со 265 КС. Моделот ќе биде достапен за продажба до 30-ти септември.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Toyota го претрка BMW како највредна марка автомобили

Поранешни директори на Saab приведени за прикривање данок