за

Цени на горивата во европските земји

За некој месец за многумина ќе почнат патувањата со автомобил на летен одмор. Пресметките се прават уште сега, а за да се избегнат непријатните изненадувања треба да се имаат на ум и цените на горивата.

Пред да се појде на патување, возачите треба да се информираат за правилата во сообраќајот во земјите низ кои што ќе транзитираат до крајното одредиште, и секако, во земјата во која што ќе се минува годишниот одмор. Но, едно нешто не смее да се превиди. Отстапувањата на цените на горивата во европските земји не се толку безначајни. Тоа е важно и за калкулирање на полнењето гориво при патувањето, не само за локалните возења. Во Холандија, на пример, еден литар супер бензин, во просек чини 1,78 евро. Тоа се 49 центи повеќе отколку во Полска. Возачите на автомобил со дизелски мотор, пак, треба да знаат дека еден литар дизел во Италија чини 1,61 евро. Моментно, тоа е највисоката цена за дизел во европските земји. Затоа, пак, горивата се поевтини во Хрватска, Австрија, Луксембург и Полска. За споредба, еден литар супер кај нас моментно чини 1,26 евро, а еден литар дизел 1,09 евро.

Цени на горивата во европските земји (во евра, просечни цени)

Земја Цена на супер бензин Цена на дизел
Австрија 1,37 1,32
Албанија 1,31 1,29
Белгија 1,64 1,45
Босна и Херцеговина 1,17 1,17
Бугарија 1,30 1,33
Данска 1,60 1,40
Германија 1,55 1,40
Грција 1,72 1,45
Италија 1,73 1,61
Луксембург 1,32 1,19
Полска 1,29 1,29
Романија 1,38 1,40
Словачка 1,48 1,36
Словенија 1,46 1,34
Србија 1,26 1,27
Унгарија 1,33 1,35
Финска 1,61 1,48
Франција 1,53 1,41
Холандија 1,78 1,44
Хрватска 1,32 1,22
Црна Гора 1,32 1,22
Чешка 1,45 1,42
Португалија 1,70 1,40
Швајцарија 1,39 1,46
Шведска 1,67 1,65
Шпанија 1,40 1,32

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Hyundai го произведе милионитото возило во Чешка

Вака ќе изгледа идниот Q1 на Audi