за

Цените за Mercedes CLA: Старт од 29 000 евра

Купе-лимузината на Mercedes, која се покажа вистински магнет за публиката и за купувачите веднаш по вчерашниот официјален старт на продажбата, стартува со цена од 28.970 евра за моделската изведба CLA 180. Со тоа, малечкиот брат на CLS е за околу 6.000 евра поскап од серијата А, која што се користи како техничка основа за стилската купе-лимузина, односно за 4.000 евра поевтин од првата најблиска лимузина во понудата, од класичната класа С. Следен во понудата на бензински модели е CLA 200, со посилна верзија на 1,6-литарскиот мотор со турбонатполнење од CLA 180 и со 34 КС повеќе, односно со 156 КС. Неговата цена е 31.970 евра. Најсилниот бензинец моментно е дволитарецот во CLA 250, со 211 КС и со седумстепен менувач со двојна спојка, за 40.350 евра. Единствен дизел е CLA 220 CDI, со мотор од 2,1 литар и 170 КС, за 38.900 евра. Сите мотори се комбинирани со систем старт стоп, за заштеда на гориво во градски услови на возење.

Стандарниот пакет на опрема за целата гама на CLA содржи електрична паркирна сопирачка, предупредување при опасност од судир, радио Audio 20 CD со команди на волан, електрика и греење на ретровизори, електрика на сите прозорци, поделена и соборлива задна клупа, двозонска автоматска клима, патен компјутер со дисплеј од 11,4 сантиметри и централна брава со далечинска команда.

Следен новитет во ценовникот е комби изведбата на CLS, со ознака CLS Shooting Brake. Нејзината моделска понуда стартува со CLS Shooting Brake 250 CDI со 204 КС и со цена од 77.070 евра. Врвот е 63 AMG, со 585 КС и цена од 165.430 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На место, подготви се – старт!

Уште посупериорен Superb