Хрватскиот електро специјалист Rimac вози на Пајкс Пик со 1,1 MW

Тркачката легенда Нобухиро Таџима ќе вози чудовиште со електричен погон со моќност од 1,1 мегават на Пајкс Пик. Креатор на овој монструм за „монструмот“ е добро познатиот хрватски електро специјалист Rimac.

Трио од соништата се подготвува за спектакуларна трка со времето, за настап на ридската трка Пајкс Пик кон крајот на јуни. Тимот Apev и Monster Sport, се здружија со Rimac Automobili, за на 28-ми јуни да се појават на стартната линија на најпознатата, најтешка и најопасна ридска трка во историјата, Пајкс Пик на Карпестите Планини во САД. Хрватскиот производител на електрични автомобили Rimac за овој настан подготви монструм за „монструмот“, како што е заслужениот прекар на тркачката легенда Нобухиро Каџима. Тркачкиот болид со име Tajima Rimac E-Runner Concept_One располага со моќност од 1,1 мегават!

Таџима ќе вози со двапати поголема моќност отколку на ланскиот Пајкс Пик

Во секое од тркалата е сместен по еден независен електромотор, и сите заедно му даваат на болидот моќност од 1,1 мегават или 1.475 КС. Тоа е двапати повеќе од моќноста на автомобилот со којшто Таџима го собори сопствениот рекорд на Пајкс Пик во 2014 година, со време од 9:43,90 минути. E-Runner не поседува менувач ниту какви било диференцијали. Моќта од секој мотор се пренесува на секое тркало преку иновативен систем од синџири, којшто штеди тежина и простор. За координирањето на електромоторите се грижи системот што Rimac го прикажува премиерно на Concept_One. Електрониката го надгледува вртежниот момент во секое тркало 100 пати во секунда. На тој начин, системот ја распределува моќноста на секое тркало според аголот на воланот, брзината, страничното и попречното забрзување, инерциските моменти и мноштво други варијабилни вредности. Со ваков технички арсенал и со моќта од 1,1 мегават, Таџима ќе има сигурно оружје за борба со 156-те свијоци на Пајкс Пик.

„Измеривме забрзување 0-100 km/h за 2,2 seconds. 200 km/h се постигнуваат по 5,4 секунди од место,“ открива господин Римац. „Вредностите на страничното забрзување и сопирањето исто така се импресивни, но да не го расипуваме изненадувањето.“ Патеката Пајкс Пик е долга 19,9 километри и завршува на надморска висина од 4.301 метри. Електричниот погон има предност на оваа „планинска“ трка, затоа што класичните мотори со внатрешно согорување губат здив на поголемите висини, поради пореткиот воздух и драстичното намалувањето на моќноста на моторот. На самиот врв на преку 4.000 метри, моќноста на моторот е послаба за цели 40 проценти. Електромобилот на Rimac не се соочува со тој проблем. Единствено тежината на батериите може да биде проблем – но, не и покрај моќ од 1,1 мегават!

Tajima Rimac E-Runner Concept_One

Технички податоци
  • Погон на сите тркала
  • Четири независни електромотори Rimac
  • Динамична распределба на моќта Rimac
  • Максимална моќност 1100 kW
  • Максимален вртежен момент 1500 Nm
  • Максимално регенеративно сопирање 400 kW
  • Батериски модул од 57 kWh Rimac
  • Рамка од алуминиумски цевки Monster Sport со каросерија од карбон
  • Електрично сервоуправување
  • Приспособливи амортизери
  • Вентилирани диск сопирачки Ø370 mm напред и назад + регенеративно сопирање Rimac
  • Слик гуми 340/710 R18 и бандажи 13” × 18”
  • Празно возило 1500 kg
  • 0-100 km/h 2,2 s
  • Крајна брзина 270 km/h

Претходна објава„Гринпис“ пред 20 години ги посрамоти производителите со автомобилот од 3 литри
Следна објаваF151 е доказ дека Ferrari навистина планирал спортски теренец

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here