Холивуд обезбеди филмски права за филм за Volkswagen

Холивуд веќе се подготвува да сними филм за нападот врз Volkswagen. Продукциската куќа на Леонардо ди Каприо ги обезбеди правата за книгата, но авторот ќе мора прво да ја заврши книгата.

Филмското студио Paramount и продукциската куќа Appian Way во сопственост на Леонардо ди Каприо ги обезбедија правата за книгата што ќе биде посветена на американската „местенка“ со манипулираните издувни гасови на автомобилите на Volkswagen со дизел мотор на пазарот во САД. Но, авторот Џек Јуинг прво ќе мора да ја напише книгата. Тој засега има поднесено само концепт на четири страници, во кои се опишува „Дизелгејт“. Притисокот што фирмите го трпат од постојаното барање за подобра техника, подобра заштита на животната средина и растечки курс на акциите е опишан како причина за користење на манипулацискиот софтвер на Volkswagen.

Претходна објаваПреку 20.000 електрични автомобили продадени во Британија до септември
Следна објаваОваа тркачка Toyota вари кафе за 170 спанковци

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here