за

Хибридниот Golf ќе ја носи ознаката GTE

Audi ќе напаѓа на пазарот на хибридни автомобили со A3 E-tron. Истата техника ја поседува и Golf. Според шпекулациите, моделот од Волфсбург ќе ја носи ознаката GTE, по пример на GTI и GTD.

Изведбата на Golf со хибриден погон со надворешно полнење е истоветна со A3 E-tron. Под хаубата ќе работи 1,4-литарски TSI со моќност од 150 КС, заедно со електромотор од 102 КС. Тоа дава системска моќност од 204 КС и вртежен момент од 350 њутнметри. Според нормите за потрошувачка за хибридни возила, Audi троши 1,5 литар бензин во првите сто километри и логично е дека слична вредност ќе постигнува и новата погонска изведба на Golf. Во случај кога возилото стартува со празни батерии, потрошувачката изнесува 3,5 литри на сто километри што и натаму е исклучителна вредност.

Околу ознаката на хибридниот Golf сé повеќе се спомнува кратенката GTE, по пример на традиционалните моделски изведби GTD и GTI. Прашање е само како ќе реагира конкурентот Opel, кој ги користеше овие три букви за спортските изведби на неговите модели во 1970-те години. Буквата Е во ознаката секако ќе стои за Електро. Покрај хибридниот Golf, налето ќе стартува и продажбата на верзијата со погон на струја e-Golf.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нови проблеми за чудесниот електричен автомобил Tesla

Комбито е четвртиот член во семејството на класата A на Mercedes