за

Феноменот на сервисните повици во САД

Многу производители повикуваат во сервис повеќе возила отколку што продаваат. Тоа го покажа една студија во САД. Најлошо поминале BMW, Chrysler и Hyundai/Kia.

Големите производители на возила се соочуваат со сериозни проблеми со квалитетот во САД. Според една студија, во првата половина од 2013 година производителите повикале во сервис поради потенцијални дефекти повеќе возила отколку што продале во истиот период. Просекот од сите поголеми производители изнесува 142 проценти. Тоа значи дека на непланирана проверка во сервис во првото полугодие биле повикани 42 проценти повеќе возила отколку што биле произведени.

Најмногу се погодени BMW, Chrysler и Hyundai/Kiа, кои во првите шест месеци морале да повикаат на проверка или интервенција во сервис три пати повеќе возила отколку што продале. Германската марка има најголема стапка на сервисни повици со 334 проценти, односно повеќе од 500.000 возила. Кај проблематичните возила најчесто станува збор за дефекти со електриката и со воздушните перници. Студијата доаѓа до заклучок дека возилата на BMW покажуваат добар квалитет во периодот на производство меѓу 2006 и 2009 година, но од 2010 година се бележи голем пораст во бројот на сервисни повици. Кај Volkswagen, вклучувајќи ја марката Audi, како и кај Mercedes се забележува спротивен тренд, односно во последните година помалку возила морале непланирано да го посетат сервисот на марките.

Причините за зголемениот број на сервисни повици можат да се поделат на три категории. Прво, развојниот период за новите генерации на модели се скусува поради силниот притисок од конкуренцијата, второ, добавувачите испорачуваат се поголем број на компоненти за возилата и моментно учествуваат со 75 проценти, а контролата на нивниот квалитет отстрана не е лесна задача. Последно, голем е бројот на идентични компоненти кои што се вградуваат во голем број возила од различни марки. Тоа ги поевтинува возилата, но ги прави почувствителни на евентуални грешки во производството.

Студијата на крајот препорачува производителите повеќе да се посветат на квалитетот, отколку на квантитетот. Меѓу другото, некои производители постигнуваат голем успех на глобалниот пазар токму поради тоа што имаат воспоставено строги системи за контрола на квалитетот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Hyundai ќе произведува половина милион возила во Европа

Kia го произведе милионитиот автомобил во САД