за

Фабрика тврди 5 литри – реалноста покажува 7 литри

Дека фабричката потрошувачка е далеку од реалноста, тоа го знае секој. Ауто Клуб Европа провери колку се големи тие разлики. Кај некои модели се покажаа отстапувања од преку 40 проценти.

Volkswagen тврди дека неговиот семеен ван Sharan троши 5,5 литри дизел на сто километри. На тестот на клубот се покажа дека ванот троши многу повеќе. Секако дека ванот на Volkswagen не е единствен. Ауто Клуб Европа утврди отстапување поголемо од десет проценти кај 55 од вкупно 91 тестиран автомобил. Во просек, возилата на тестот трошеа 13,4 проценти повеќе гориво отколку што тврди производителот.

Отстапувањата од потрошувачката што ја прикажува производителот постојат отсекогаш. Токму со воведувањето на актуелната норма за изразување на потрошувачката на гориво според циклусот NEDC требаше за цел да се добијат пореални вредности од старите според ECE. Но, познато е дека мерењата според мерењата според циклусот NEDC се исто толку далеку од реалноста колку што се и старите норми. Купувачите се доведуваат во заблуда при изборот на возилото.

Во ЕУ постои законска рамка која што одредува колкави можат да бидат отстапувањата. Доколку разликата меѓу фабричката и реалната потрошувачка е поголема од 10 проценти, купувачот може да побара повраток на парите за возилото. Веќе постојат случаи во кои тужените производители го изгубиле случајот со оштетените корисници. Проблемот е единствено тоа што судските процеси се одолговлекуваат неколку години.

Во програмата на тестирањето, клубот извозе 221 километар со секој од 91-те автомобили, според нормираниот циклус и во реални услови. Возилата имаа полн резервоар со гориво, правилно дотеран притисок во гумите и климатизација во кабината наместена на 21 степен. Клима уредот беше вклучен при тестирањето.

Возењето се состоеше од 49 километри низ град, 76 километри на автопат и 96 километри по локални патишта. Деновите со прекумерно густ сообраќај беа избегнувани за тестирањето. На возачите им беше советувано да ги почитуваат брзинските ограничувања, рано да префрлуваат во повисок степен и да возат умерено.

Тестовите се меродавни, затоа што се избегнуваа поаѓања со незагреан мотор и беше избран умерен профил на патот. Целта сепак беше да се добијат вредности кои што ќе бидат верни на реалните услови на возење.

Кај нив е најголемо отстапувањето од фабричката потрошувачка:

[nggallery id=20]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Теренец во семејството модели DS

Големиот брат на Yeti