за

Уште посупериорен Superb

Чесите темелно го освежија знаменосецот, а првото појавување пред публиката е најавено за салонот во Шангај на 19-ти април. Продажбата на моделот во Европа ќе стартува во јуни 2013.

Изгледот на новиот и задниот дел од возилото е комплетно променет, со цел новиот дизајнерски говор да стане повеќе воочлив. Секој елемент од каросеријата, до предните столбови, е комплетно нов,вклучувајќи ги маската, логото на марката, светлата, крилата, дури и хаубата. За прв пат во гамата на моделот ќе бидат достапни и биксенонски светла со диодни дневни светла.

Назад се воочува новата графика на светлата, со задржување на типичната форма на латинично Ц на светлечките елементи. Новитетот тука се трите ленти од светлечки диоди. Двата триаголника во задниот капак се следниот препознатлив белег на новиот дизајн на Skoda.

Новитети има и во моторите и погонот. Моторите се поштедливи и до 19 проценти, за што придонесуваат старт-стоп и повратокот на енергија при сопирање, со кои што ќе располагаат сите дизелски и основниот бензински мотор на Superb за земјите од ЕУ. Најштедлив е Superb GreenLine со дволитарски дизел со 140 КС, со потрошувачка од 4,2 литри на сто километри. Новитет е тоа што дизелот 2.0 TDI во верзија со погон на сите тркала отсега вози со мануелен менувач, додека посилниот дизел со 170 КС за прв пат може да се комбинира со 6-степен менувач со двојна спојка.

Нова ставка во внатрешната опрема е можноста совозачкото седиште да се поместува одзади, во случај кога важниот патник на задната клупа ќе посака повеќе да ги испружи нозете. Не постои модел во класата кој нуди повеќе простор за нозе од Superb.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Цените за Mercedes CLA: Старт од 29 000 евра

Нема опасност од новото разладно средство