за ,

Уловен на тестирање: Новиот BMW X1 за 2015 година

Во BMW се случува голема револуција. Сите модели под серијата 3 се префрлуваат на преден погон. Основа за нив е платформата UKL. Идниот X1 исто така ќе ја користи оваа платформа.

Иако првите фотографии од папараците го покажуваат возилото под тешка камуфлажа сé уште се забележува дека втората генерација на X1 ќе биде помасивна од претходникот. Надолжниот раб во висина на рачките е во стил на актуелната „единица“, додека задните прозорци личат на идните компактни ванови на Баварците. Семејството од модели што ја користат платформата UKL ќе се состои од новиот Mini (премиера во почетокот на 2014), ван и седумсед во серијата 1 (средина на 2014), новиот X1 (2015) и наследникот на серијата 1 и 2 во 2017 година.

bmw x1 1

Главниот новитет под ламарината е префрлувањето на преден погон. Соодветно на тоа ќе се смали и понудата на модели со погон на сите тркала. На матичниот пазар половина од купувачите се решаваат за погон 4×4. Друга карактеристика е новата генерација мотори, со фиксна зафатнина на цилиндар од 0,5 литар. Оттаму, основниот бензинец ќе има три цилиндри и зафатнина од 1,5 литар, исто како и основниот дизел.

bmw x1 5

Овие моделски изведби ќе бидат означени како sDrive16i со 136 КС и sDrive16d со 115 КС. Над нив ќе бидат позиционирани четирицилиндарци со зафатнина од 2,0 литри. Бензинецот со 192 КС ќе има деби во новиот Mini. Премиерата на следната генерација на X1 може да се очекува на салонот во Франкфурт во 2015 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Kia му пушти струја на Soul

Експерт тврди: Електричните коли имаат проблем со сопирачките