Улични пци во Турција го изедоа браникот на Toyota

Автомобил паркиран на улица заврши како жртва на чопор пци во еден турски град. Снимките од камерите за надзор ги покажуваат разбеснетите пци како ја распарчуваат оваа Toyota од локално производство. Претпоставките се најразлични, од сокриена мачка во браникот, до користење овча маст како политура за каросеријата.

Пците имаат непријателски чувства кон автомобилите и тоа не е ништо ново. Но, искажувањето на ова непријателство обично завршува со лаење по автомобилот во возење или евентуално со обележување на територијалната припадност по гумите на автомобилот. Може да биде уште полошо! Снимки од камера за надзор во турскиот град Сакарија во регионот Мармара сведочат како кучешки чопор напаѓа една Toyota Corolla паркирана уредно на улица.

Според пишувањето на дневникот „Хуријет“, автомобилот е во сопственост на извесен Кемал Ашар. Кога турскиот механичар се вратил по својот автомобил, имало што да види. Тој прво се посомневал дека се работи за обид за кражба на браникот од неговата Toyota и повикал полиција. Кога во станицата биле проверени снимките од камерите, тие откриле како чопор од осум пци го распарчува предниот браник на компактната лимузина од локално производство.

Турчинот претпоставува дека мачка сокриена во браникот го привлекла вниманието на пците. Но, од тоа што се гледа на снимките, тешко е да се поведува дека тоа ги разбеснело џукелите. Претпоставките се најразлични. Можеби Ашар го полирал автомобилот со овча маст или прегазил големо парче пастрма на патот. Доколку станува збор за друга причина, потребна е голема загриженост. Што ако ова е само почетокот?

Претходна објаваAudi го заменува R8 e-tron со електричен теренец
Следна објаваContinental со домашна промоција на зимските пневматици WinterContact TS 860

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here