за ,

Турски научници измислија пат што сам се одмрзнува

Фрлањето сол врз патиштата може да стане непотребно. Турски научници развија нов вид на асфалт што спречува на неговата површина да се создава мраз. Заштитата трае повеќе години.

Зимо без зимска служба за фрлање сол по патот? Тоа е незамисливо. Натриум хлоридот ги растопува снегот и мразот, го спречува замрзнувањето на патиштата и неизоставен е заради безбедноста во возење во студеното годишно време. Може да се случи за една ноќ да бидат фрлени стотици тони сол само по улиците на македонската престолнина.

Но, солта не останува долго на патот. Неопходно е постојано да се фрла нова сол, заради задржување на нејзиното дејство. Проблемот е во тоа што големите количини мраз не се штетни само за возилата, туку и за животната средина. За овие проблеми да се надминат, турски научници развија нова метода за одмрзнување на патиштата, со која што фрлањето сол станува непотребно. Експертите на Универзитетот Коч во Истанбул развија специјална асфалтна мешавина во којашто има додадено сол и на тој начин патот сам се одмрзнува.

Калиум формиат во асфалтот место натриум хлорид врз патот

Во специјалниот асфалт се користи калиум формиат, чие што влијание врз животната средина е далеку помалку штетно во споредба со средствата за одмрзнување кои содржат кујнска сол. Калиум формиатот се меша со специјалниот полимер стирен-бутадиен-стирен и се додава во битуменот, како главна состојка во асфалтот. Оваа мешавина се одликува со иста стабилност како обичниот битумен, но придонесува за значително забавување на создавањето мраз врз патот.

asfalt turcija 1

Материјалот се нанесува рамномерно врз целиот асфалтен слој. Средството против замрзнување се ослободува постепено и го задржува дејството дури и откако од сообраќајот ќе се симне површинскиот слој од патот. Според научниците, „самоодмрзнувачкото“ дејство се задржува повеќе години.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Забрана за возење во Њу Делхи – Исклучок за дамите

HS Motorsport прави Mercedes-AMG C63 да биде уште позабележлив