Само во текот на минатата година „Светот на BMW“ го посетиле 2,93 милиони вљубеници во сино-белата марка. Центарот отворен во 2007 година стана најпосетувана знаменитост во Баварија.
Со 2,93 милиони посетители, атракцијата во седиштето на марката BMW во Минхен лани привлече за 20 проценти повеќе посетители отколку во 2012 година. Речиси половина од посетите се реализирани од странски туристи, кои доаѓаат од целиот свет. Најмногу туристи пристигнуваат од САД, Русија и Азија, но и соседите од Австрија и Италија се редовни гости. Околу 40 проценти го посетите „Светот на BMW“ повеќе од еднаш. Од отворањето во 2007 година се регистрирани дури 14 милиони посети.
Сто илјади купувачи го презеле возилото директно во BMW Welt
Купувачите пристигнуваат од целиот свет да го преземат своето возило директно од центарот на марката. Во минатата година околу 21.500 возачи го имале тоа задоволство, од кои десет проценти се од САД. Во минатиот јули центарот го поздрави стоилјадитиот купувач, а во меѓувреме започна и испораката на електричниот BMW i3.
Постојано се организираат настани посветени на марката, но се одржуваат и фестивали, како и концерти на светски ѕвезди. Џез фестивалот има веќе петгодишна традиција, а познатиот норвешки автор Јо Несбо лани го промовираше последниот роман во рамките на Минхенскиот крими фестивал.
Ресторанот „Есцимер“ доби ѕвезда од Michelin
Во пролетта беше отворен ресторанот „Есцимер“, за пред крајот на годината шефот Боби Бројер да освои ѕвезда од Michelin и 18 бодови од Gault&Millau. Реномираниот ресторански водич го пофали „Есцимер“ како „најнов и најспектакуларен гурмански ресторан“ во Минхен, а Боби Бројер го гледа како „посреќување на локалната гурманска заедница“. Со 14 бодови во истиот водич е оценет и вториот ресторан во комплексот, „Баварија“.