Триесет автобуси со погон на метан во словенската престолнина

Прогласувањето на Љубљана за најзелена престолнина во Европа за оваа година не е случајно. Во јавниот превоз во главниот град на Словенија од денес циркулираат 30 зглобни автобуси со погон на метан.

Еколошките автобуси пристигаат како замена за постарите единечни и зглобни автобуси. Осумнаесетметарските MAN Lions’s City CNG располагаат со капацитет за превоз до 155 патници. Автобусите имаат нископодна конструкција, преклоплива рамка, видеонадзор и диодни дисплеи за информирање на патниците. Клима уредот дополнително поседува и канали за загревање на подот, што несомнено е добредојдено во зимскиот период. Шестцилиндарскиот мотор во линија постигнува максимална моќност од 310 КС.

Метанот во моментов е позициониран високо на листата на приоритети на нашата најголема нафтена компанија Макпетрол. Љубљана може или некогаш би можело да послужи како пример за примена на метанот во сообраќајното секојдневие.

Претходна објаваFord GT од лего-коцки ќе „стартува“ на 24 часа Леман
Следна објаваNissan развива електричен автомобил со алкохол како погонско гориво

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here