Третман со свежи клетки за Toyota Auris во новото моделско годиште

Toyota го освежи својот модел од компакт класата за следната година. Auris и комбито Auris Touring Sports стандардно го добиваат пакетот безбедносна опрема „Safety Sense“, вклучувајќи систем за самостојно запирање при опасност од судир или автоматско долго светло, но има промени и во изгледот. Новата боја за сите модели што се произведуваат во Европа се води како „токиско црвена со бисерен ефект“.

Toyota Auris и неговата комби изведба Auris Touring Sports во новото моделско годиште ќе пристигаат со пакетот безбедносни системи „Safety Sense“ во сите нивоа на опрема. Светскиот број 1 во овој пакет вклучува систем за самостојно запирање на возилото при опасност од судир, систем за следење лента и автоматско соборување на долго светло, како и систем за читање на сообраќајните знаци. Новитети во дополнителната опрема се алу-бандажи од 17 инчи со нов дизајн и спортски седишта обложени со алкантара во црна боја.

https://automedia.mk/objavi/26824

За сите модели на Toyota што се развиени и се произведуваат во Европа, почнувајќи од Yaris и Auris, до ванот Verso и големата лимузина Avensis, на располагање стои нова боја за каросеријата што се води како „токиско црвена со бисерен ефект“. На тоа се надоврзуваат и нови дизајни на алу-бандажите. Со оваа впечатлива боја, Toyota укажува на своето јапонско потекло и на автомобилите им дава подинамична нота.

Претходна објаваVolkswagen го купи сервисoт за безготовинска наплата на паркинг PayByPhone
Следна објаваКамионџии се изживуваат врз сибирска мечка, Русите згрозени

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here