за

Толку се плаќа за патарина и вињета во европските држави

Во европските земји вообичаено се плаќа надомест за користење на автопатиштата. Возачите треба да се информираат пред патувањето, затоа што во некои земји важат високи казни.

Во Босна и Херцеговина, Франција, Грција, Ирска, Италија, Хрватска, Норвешка, Полска, Португалија, Србија, Шпанија, Турција, и секако кај нас, за користење на автопатиштата се наплатува патарина, која обично се одредува според должината на извозената делница. Различно од тоа, вињета со различен период на времетраење важи во Бугарија, Австрија, Романија, Словенија, Чешка и Унгарија, како и во Швајцарија и Словачка. Во некои земји патарината во дел се наплатува со помош на електронски системи.

Проблем може да се појави ако возачот во вторава група на земји не се информира за начинот на наплата на користењето на патиштата и не набави вињета веднаш по влегувањето во државата или не се пријави во електронскиот систем. Казните во некои земји се мошне високи. Ако возачот не набави вињета во Словенија, на пример, казната може да достигне и до 800 евра. Во Словачка се плаќа казна во висина на три вињети, но во одредени случаи е можно да се плати казна и до десет пати од вредноста на вињетата. Австрија исто така не го простува неплаќањето на вињета. Таму се плаќа кауција од 120 евра или казна во висина од најмалку 300 евра.

Покрај вињета и патарина во зависност од должината на делницата, во голем број земји се наплатува дополнителна патарина за одделни делници, мостови, тунели или за минување низ градскиот центар. Тоа важи на пример во Австрија, Швајцарија, Италија, Хрватска, Франција и Шпанија.

Во овие земји се плаќа патарина според должината на делницата:

Босна и Херцеговина, Франција, Грција, Ирска, Италија, Хрватска, Македонија, Норвешка, Полска, Португалија, Србија, Шпанија, Турција.

Во зависност од државата, патарината се плаќа на влезот или на излезот од автопатиштата и магистралните патишта или преку електронски системи. Во некои постојат делници од автопатот за кои што не се плаќа патарина.

Цена на вињета во европските држави

Држава Цена Казна
Бугарија 5 евра (7 денови)

13 евра (1 месец)

34 евра (1 година)

Од 50 евра
Австрија 8,30 евра (10 денови)

24,20 евра (2 месеца)

80,60 (1 година)

Кауција од 120 евра или казна од 300 евра нагоре
Романија 3 евра (7 денови)

7 евра (1 месец)

13 евра (3 месеци)

28 евра ( 1 година)

Од 60 евра нагоре
Швајцарија 33 евра (1 година) Вињета + 200 франци (ца. 165 евра)
Словачка 10 евра (10 денови)

14 евра (1 месец)

50 евра (1 година)

До 500 евра
Словенија 15 евра (7 денови)

30 евра (1 месец)

95 евра (1 година)

Од 300 до 800 евра (150 евра при плаќање на место)
Чешка 12,50 евра (10 денови)

18 евра (1 месец)

60,50 евра (1 година)

Од 200 евра нагоре
Унгарија 10 евра (10 денови)

16 евра (1 месец)

143 евра (1 година)

Од 55 евра нагоре

* за возила со тежина до 3,5 тони

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Идејата за заменливи батерии на Renault пропадна

Bentley ги збоде мамузите во новиот Flying Spur