Возилата од марката со ѕвездата се најчест избор на крадците во Њујорк во периодот од 2009 до 2012 година. Најкрадени се моделите од класата C, вкупно 485 возила. Не вреди кражба ако не вреди.
Меѓу десетте најкрадени возила во мегалополисот се уште два модела на Mercedes, од класите E и S. Во тригодишниот период, на терориријата на Њујорк, вклучувајќи ги Лонг Ајленд и Њу Џерси, пријавени се 806 кражби на возила, додека во цела САД имало 4.384 случаи меѓу 2009 и 2012 година.
Моделите од класата C се најпродавани модели на марката во САД и на глобални ниво. Очигледно е дека функционира правилото: Колку постои поголем интерес за купување на одредено возило, толку е поголема неговата привлечност за крадците. Од Mercedes-Benz потврдуваат дека поголемиот дел од украдените возила сепак се повратени кај сопственикот, некои од нив во мошне кус временски период, и тоа првенствено благодарение на системот Mbrace за следење на украдено возило.
Втор најпопуларен модел меѓу крадците е серијата 3 на BMW, а на третото место е серијата G на Infiniti.