Време е за расчистување со зимата и со трагите што таа ни ги остава врз возилата. За повеќето вљубеници во своите возила, во редовното пролетно освежување спаѓа и полирање на лакот, за да се поврати неговиот сјај и да се заштити од влијанијата во топлото годишно време. Производите за полирање ветуваат многу, но колку од тоа навистина исполнуваат?
Авто Клуб Европа спореди осум актуелни производи за полирање на лакот. На тестот победи A1 Speed Polish од Dr. Wack, за нијанса подобар од исто така одличното средство Auto Politur од Sonax. Препорака заслужија и политурата за сјај на Liqui Moly, политураа за лак од Caramba и политурата за ултра висок сјај од Armor All. Условна препорака, односно препорака за користење во одредени услови добија W5 carcare Auto-Politur од трговскиот ланец Lidl, како и Sonax Xtreme Polish & Wax 3 Hybrid NPT и Nigrin Performance Brillant-Politur Turbo.

Производите се тестираа на Golf од втората генерација, со црвен каросериски лак. Обработката на лакот се вршеше рачно. Во поглед на практичните својства се оценуваа нанесувањето, размачкувањето и отстранувањето на средството за полирање. Се бара ракувањето со средството да биде лесно, без премногу напор и доволно брзо, без остатоци од средството врз лакот. Поквалитетните средства освоија многу бодови во ова поглавје.
Дејството на средствата за полирање се оценува според шест критериуми. Под длабочина на сјајот се подразбира прецизноста со која што околината се рефлектира од лакот. Од квалитетните политури се очекуваат впечатливо освежување на бојата и рамномерност на површините, без линии и дамки.
За мерење на степените на сјајност и на заматеност на лакот по примената на восочните политури се користи специјален оптички уред. Под степен на сјајност се подразбира интензитетот со кој што лакот го рефлектира светлечкиот зрак кој паѓа врз него, додека под заматеност се подразбира дифузното светло што се распрскува околу главната рефлексија. Колку е помало распрскувањето на светлото, толку е подобра политурата. Хидрофобното дејство на политурите се покажува преку истекувањето на водата што се прска врз обработената површина и претставува меродавењн показател за тоа колку политурата го заштитува лакот од атмосферските влијанија.
[box type=”success” align=”alignleft” ]Најскапиот производ на тестот, A1 Speed Polish, се покажа најефикасен. Од друга страна се покажа и тоа дека рачното полирање не е најдоброто решение. Ако работата им се препушти на професионалци, полирањето на лакот ќе чини повеќе од едно пакување политура, но со машинска помош се постигнуваат многу побрилијантни резултати.[/box]
Резултатите од тестот
Марка | Armor All | Caramba | Lidl | Liqui Moly | |
Производ | Политура за ултра висок сјај | Политура за лак | W5 carcare | Политура за сјај | |
Содржина | 500 ml | 500 ml | 375 ml | 600 ml | |
Примена | 30 | 22 | 23 | 18 | 23 |
Нанесување/Ракување | 10 | 6 | 6 | 5 | 6 |
Отстранување | 20 | 16 | 17 | 13 | 17 |
Дејство | 60 | 31 | 30 | 29 | 30 |
Длабински сјај | 10 | 5 | 5 | 5 | 5 |
Освежување на лакот | 10 | 4 | 4 | 4 | 4 |
Рамномерност | 10 | 5 | 5 | 5 | 6 |
Сјајност | 10 | 7 | 5 | 7 | 6 |
Заматеност | 10 | 6 | 6 | 5 | 5 |
Одбивање вода | 10 | 4 | 5 | 3 | 4 |
Цена | 10 | 7 | 8 | 10 | 9 |
Вкупно бодови | 100 | 60 | 61 | 57 | 62 |
Крајна оцена | се препорачува | се препорачува | условно се препорачува | се препорачува |
Марка | Nigrin | Sonax | Sonax | Dr. Wack | |
Производ | Performance Brilliant | Авто политура | Xtreme Polish & Wax 3 Hybrid NPT | A1 Speed Polish | |
Содржина | 300 ml | 500 ml | 500 ml | 500 ml | |
Примена | 30 | 19 | 26 | 22 | 25 |
Нанесување/Ракување | 10 | 6 | 8 | 8 | 8 |
Отстранување | 20 | 13 | 18 | 14 | 17 |
Дејство | 60 | 27 | 31 | 29 | 40 |
Длабински сјај | 10 | 4 | 5 | 5 | 8 |
Освежување на лакот | 10 | 4 | 4 | 4 | 8 |
Рамномерност | 10 | 4 | 7 | 6 | 8 |
Сјајност | 10 | 6 | 5 | 5 | 7 |
Заматеност | 10 | 4 | 5 | 5 | 4 |
Одбивање вода | 10 | 5 | 5 | 4 | 5 |
Цена | 10 | 5 | 7 | 5 | 4 |
Вкупно бодови | 100 | 51 | 64 | 56 | 69 |
Крајна оцена | условно се препорачува | се препорачува | условно се препорачува | особено се препорачува ПОБЕДНИК НА ТЕСТОТ! |