за ,

Тест на зимски гуми на ADAC (Димензија 185/60 R 15 T)

Клубот ADAC тестираше 17 зимски гуми со димензија 185/60 R 15 T. Само седум модели на гуми добија препорака од клубот. Kormoran и Marangoni подобро да останат во продавница.

Седум модели на гуми не покажаа слабости во ниту една категорија на тестот и со тоа ја заслужија препораката на најголемиот европски авто клуб ADAC. Во одделните категории сепак постојат разлики меѓу победниците. Највисока крајна оцена постигна Continental ContiWinterContact TS 850, со врвни резултати во клучните категории на возење на влажно, на снег и на мраз. Dunlop Winterresponse 2 исто така се одликува со одлични својства на снег и на влажно, а дополнително се издвојува и со ниската потрошувачка на гориво. Малото трошење на профилот е традиционална доблест на Michelin Alpin A4, која покажува добри својства и во останатите категории на тестот. Слични резултати покажа и Firestone Winterhawk 3, чија што најсилна страна е возењето на сув и на влажен пат. На сува подлога се издвојува Nokian WR D3. Во групата на победници на тестот се придружуваат и гумите Goodyear UltraGrip 8 и Semperit SpeedGrip 2. Тие не се издвојуваат во ниту една категорија, но немаат ниту слабости. Semperit влијае врз потрошувачката на гориво исто толку малку како Dunlop.

Најдобра оцена меѓу гумите со просечни својства постигна Vredestein Snowtrac 3, која што исто како и Pirelli Winter 190 Snowcontrol не се пласира меѓ најдобрите гуми поради малите слабости при возење на влажен пат. Barum Polaris 3 покажа мали слабости на сува и влажна подлога, додека GT Radial Champiro WinterPro изгуби бодови на влажна и на сува подлога, како и на снег. Hankook Winter i*cept RS (W442) заостанува зад најдобрите на влажен пат и на снег. Falken Eurowinter HS-449 е блиску до врвните зимски гуми на влажен пат, но причината за неговиот послаб краен пласман е највисокото абење од сите гуми на тестот. Kleber Krisalp HP2 се најде во групата на гуми со просечни својства првенствено поради слабите резултати на влажна подлога.

Nexen Eurowin 600 се покажа добра на сув пат, но затоа има големи слабости на снег и затоа се најде во групата на гуми со потпросечни својства. Водата на патот е проблем за Kormoran Snowpro b2. Возењето на сува подлога исто така не е меѓу нејзините квалитети. Таа постигнува добри резултати во зимските тестови и во критериумите на економичноста, но големите слабости на влажна подлога се недозволени.

Marangoni 4 Winter E+ исто така поседува добри квалитети при возење на сув пат и во поглед на абењето, но е меѓу послабите гуми на снег и особено е слаба на влажен пат. Покрај тоа, оваа гума предизвикува највисока потрошувачка на гориво. Кај тест возилото, Volswagen Polo, тоа се 0,4 литар гориво повеќе на сто километри отколку со гумите на Semperit.

 

ADAC ги препорачува следниве гуми, зависно од барањата на возачот:

  • За добри својства на снег и влажно е најдобро да се избере Continental ContiWintercontact TS 850 или Dunlop Winterresponse 2. Со помали слабости на влажно, може да се изберат и Vredestein Snowtrac 3.
  • За добри својства на сува подлога се препорачуваат Nokian WR D3.
  • Најниско влијание врз потрошувачката на гориво имаат Dunlop Winterresponse 2, односно Semperit Speed-Grip 2, а потоа следат Continental ContiWinterContact TS 850 односно Michelin Alpin A4.
  • Најмногу километри издржуваат Michelin Alpin A4.
  • Гуми со најизедначени својства според сите критериуми се Continental ContiWintercontact TS 850, Dunlop Winterresponse 2, Michelin Alpin A4, Firestone Winterhawk 3 и Nokian WR D3.
  • Најниска бучност во возење произведуваат Firestone Winterhawk 3 и Continental ContiWintercontact TS 850.

 

Пласман на тестот на зимски гуми со димензија 185/60 R 15 T

Препорачани гуми
Continental ContiWinterContact TS850
Dunlop Winterresponse 2
Firestone Winterhawk 3
Michelin Alpin A4
Nokian WR D3
Goodyear UltraGrip 8
Semperit Speed-Grip 2
Гуми со просечни својства
Vredestein Snowtrac 3
Barum Polaris 3
Pirelli Winter190 Snowcontrol 3
GT Radial Champiro WinterPro
Hankook Winter i*cept RS (W442)
Falken HS-449 Eurowinter
Kleber Krisalp HP2
Гуми со задоволителни својства
Nexen Eurowin 600
Не се препорачуваат
Kormoran Snowpro b2
Marangoni 4 Winter E+

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Најголемите заблуди околу зимските гуми

Топ 10 држави по продукција на автомобили во ЕУ