за

Тест на жаречки светилки: Цената не е гаранција за квалитет

Жаречките светилки се едни од резервните делови што се заменуваат најчесто. Тестот на ADAC открива дека најскапите светилки не секогаш се и најдобри.

Добри жаречки светилки за автомобилските светла не се наоѓаат лесно. На тестот на 15 халогени светилки со спецификација Н7 на клубот ADAC, единствено General Electric Extra Life Longlife доби оцена „многу добро“. Оваа светилка комбинира добар квалитет на осветлување и висока трајност, со што е исклучок меѓу производите на тестот. Тринаесетте останати производи беа оценети со „добро“, додека една светилка не заслужи повеќе од „задоволително“. Некои од производите постигнуваат силно осветлување или издржуваат особено долго, но совршен спој на овие две својства ретко се наоѓа.

svetilki 3

Цената не претставува гаранција за квалитетот. Победникот на тестот е во просекот на цени, а меѓу просечните светилки има и поевтини и поскапи производи. Најскапата светилка на тестот, Bosch Longlife се пласираше само на дванаесеттото место, додека најевтиниот производ, Cartechnic H7 се најде на четвртото место од сите тестирани производи.

Изборот се сведува на три различни типови: Светилки што произведуваат особено силна светлина, светилки што издржуваат долго и стандардни производи, како компромис меѓу претходните два типа. Декларациите на произвидителите не секогаш се за верување, затоа што некои од таканаречените „долготрајни“ односно Linglife светилки покажуваат само просечна трајност. Во основа, потребно е светилките да издржат околу 950 часови, што е двојно повеќе од стандардните производи и трипати подолго од светилките со силно осветлување. Тоа значи дека последниве светилки треба да се заменуваат секоја година, додека долготрајните светилки издржуваат и до четири или пет години.

Тест на 15 жаречки светилки Н7

Име на производот (тип) Цена (во евра) Квалитет на светло Трајност Крајна оцена
GR Extra Life Longlife

(Longlife)

11,50 2,7 1,5 2,4
Bosch Plus 90

(посилно светло)

21,70 2,1 4,0 2,6
Philips Lifetime x4

(Longlife)

18,10 3,1 1,0 2,6
Cartechnic H7

(стандард)

7,90 2,5 3,0 2,6
Osram Standard H7

(стандард)

13,00 2,5 3,0 2,6
Car1 Longlife

(Longlife)

13,00 2,6 3,0 2,7
Philips Vision

(стандард)

10,10 2,6 3,0 2,7
GE Megalight

(посилно светло)

20,30 2,3 4,0 2,7
Osram Nightbreaker

(посилно светло)

21,10 2,3 4,0 2,7
Philips X-treme Vision

(посилно светло)

25,60 2,3 4,0 2,7
Bosch Pure Light

(стандард)

18,20 2,6 3,0 2,7
Neolux Hammer

(посилно светло)

9,20 2,4 4,0 2,8
Bosch Longlife

(Longlife)

34,50 2,7 3,0 2,8
Osram Ultra Life

(Longlife)

19,50 3,4 1,0 2,8
Car1 CO2001 H7

(стандард)

11,40 3,8 4,0 3,8

Ранг на оцени: 0,6-1,5 (одлично), 1,6-2,5 (многу добро), 2,6-3,5 (добро), 3,6-4,5 (доволно), 4,6-5,5 (недоволно)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Грчкиот екс-министер за сообраќај притворен со фалсификувани таблички

Нација во недишење: Воздухот ќе го очистиме, но гревовите?