Од добрите средства за миење на ветробранското стакло не се бара само отпорност на замрзнување, туку и способност за темелно и брзо чистење. Кај некои од средствата на тестот беше потребна двапати поголема количина течност за стаклото да се исчисти, што е непотребно фрлање пари. Десет средства за миење се најдоа на тестот на германското здружение за техничка контрола.
При температури под нулата, многумина возачи не се најсреќни со изборот на зимското средство за миење на ветробранот. Прскалките работат, но трае предолго додека бришачите го исчистат стаклото. Настануваат опасни ситуации, попречена e видливоста. Затоа е потребно да се внимава при изборот на средството за миење на ветробранот и во садот да се наполни средство што ќе ги отстрани нечистотијата и мачканиците со само неколку минувања на бришачите.
Производите на Sonax и Jet добија највисоки оцени на тестот
Германското здружение за техничка контрола, во соработка со магазинот Auto Bild, тестираше десет раствори за миење на ветробранот за зимскиот период, подготвени за користење. Најдобро на тестирањето се покажа Sonax, коешто е подготвено за користење и има пријатен мирис на цитрон. Веднаш по него следи средството од Jet. Едно скалило подолу се Aral, Shell и Hem. Сите овие средства добија препорака од здружението.
Според рестултатите од тестот, условна препорака доби производот од Edeka, којшто според вкупните бодови се пласираше пред Shell и Hem само поради исклучително ниската цена, но затоа слабо го чисти стаклото и доби пониска оцена. Без препорака завршија и средствата од Robbyrob, Total, Nigrin и OMV.
Не само заштита од мрзнење, туку првенствено се бара отстранување на хидрофобната нечистотија
Задача на течностите за миење на ветробранот што се наменети за зимскиот период е првенствено отстранување на таканаречената хидрофобна нечистотија, односно на талогот што се состои од прашината од сопирачките, гарежот во издувните гасови, восокот од автоматските перални, моторното масло и честичките од трошењето на пневматиците. Оваа нечистотија е присутна преку целата година, но при студ буквално се залепува врз ветробранот и пречи повеќе отколку лете.
На тестирањето меѓу другото се проверуваше и како средствата за чистење ја отстрануваат оваа нечистотија. Кај производите од Sonax и Jet, при температури под нулата, во просек беа доволни само четири прскања врз ветробранот и пет минувања на бришачите, за со 200 милилитри течност да се постигне задоволително чистење на стаклото. За споредба, на петте најлоши производи на тестот ниту половина литар течност и десет минувања на бришачите не се доволни за стаклото да се исчисти. Секако дека непотребното трошење на течноста е фрлање пари.
Единствено производот од Nigrin ги нагризува лакот и пластиката
Средствата за миење на стаклата не смеат да ги оштетуваат лакот или светлата со заштитен панел од поликарбонат, дури и по неколкудневно дејство врз нив. Од сите средства, единствено Nigrin предизвика мали оштетувања на лакот и пукнатини во пластиката.
За тестот да биде темелен докрај, се проверуваше и делотворноста на средствата во случај да се разредат со тврда вода, односно со вода од мрежа со висока содржина на бигор. Некои возачи практикуваат да ја разредат течноста заради заштеда, иако се свесни дека со тоа се смалуваат отпорноста на замрзнување и делотворноста. Во тој случај не смее да се создава бигор, кој може да го оштети системот за миење на стаклата. Единствено средството од OMV се покажа чувствително во тој поглед, при мешање со обична вода.
| Производ | Заштита од мрзнење според декларација / на тестот
[oC] |
Потребна количина за темелно миење на стаклото
[ml] |
Вкупно бодови | |
| Sonax
цена 12,49 евра кантичка 5 L со инка |
![]() |
– 20 / -21,2 | 200 | 106 |
| Jet
цена 8,99 евра кантичка 3 L без инка |
![]() |
– 20 / -22,8 | 200 | 105 |
| Aral
цена 15,49 евра ќеса 3 L |
![]() |
– 25 / -25,1 | 325 | 81 |
| Shell
цена 7,99 евра ќеса 2 L |
![]() |
– 20 / -22,5 | 425 | 75 |
| Hem
цена 11,99 евра кантичка 3 L без инка |
![]() |
– 20 / -21,2 | 450 | 71 |
| Edeka
цена 4,99 евра кантичка 5 L со инка |
![]() |
– 30 / -30,1 | 500** | 77 |
| Robbyrob
цена 4,49 евра кантичка 5 L без инка |
![]() |
– 20 / -19,5 | 500** | 65 |
| Total
цена 19,99 евра кантичка 5 L со инка |
![]() |
– 25 / -24,9 | 500** | 59 |
| Nirgrin
цена 12,99 евра кантичка 5 L со инка |
![]() |
– 22 / -21,1 | 500** | 56 |
| OMV
цена 13,99 евра ќеса 3 L |
![]() |
– 30 / -29,3 | 500** | 40 |
Појаснувања: Цените важат за германскиот пазар; ** = незадоволително миење на ветробранот и по 10 минувања на бришачите


























