за

Теренецот на Renault со нов изглед и побогата опрема

Повеќето производители го користат летниот период за претставување на освежените моделски годишта. Renault Koleos е еден од овие модели кои внесуваат раздвижување до претстојниот салон во Франкфурт.

Renault го преработе Koleos. Спортскиот теренец на Французите настапува со повпечатлив изглед на предниот дел од возилото, со модерен аудионавигациски систем со пристап на интернет, радарски систем за надгледување на мртвиот агол и цела низа нови ставки во сериската и дополнителната опрема. Со доплата е достапна и широкоаголна камера при паркирање.

renault koleos 2

Највпечатлив знак на препознавање на новата моделска генерација е единствениот изглед на носот на ниво на сите модели од марката, со поголемо и средишно поставено лого на Renault. Хромираните ламели во маската го спојуваат големото лого со предните светла. Други новитети се алу-бандажите во сребрена боја или во комбинација од две бои, како и кафената боја за каросеријата, со кожени седишта во соодветен тон.

renault koleos 3

На располагање во Koleos стои и мултифункцискиот медиски систем Renault-R-Link со поврзување на интернет. Ракувањето со системот е преку монитор на допир од 7 инчи, преку џојстик во средишната конзола или преку говорна команда. Апликациите за системот може да се преземат од сопствената интернет продавница на Renault. До крајот на годината оваа продавница веќе ќе нуди околу 50 апликации. Продажбата на новото моделско годиште на Koleos веќе стартуваше.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche со најдобар квалитет според JD Power

Електричниот автомобил на BMW ќе чини 36.000 евра