за

Субвенциите ја качија продажбата на автомобили во Шпанија

Шпанските возачи добиваат 2.000 евра субвенција за замена на стариот автомобил со нов. Со новите мери, само во ноември се продадоа 55.450 возила на шпанскиот пазар.

Продажбата на нови возила во Шпанија забележа пораст од 15 проценти во минатиот месец, благодарение на новиот пакет субвенции што владата ги воведе за прв пат во минатиот октомври. Со тримесечниот континуиран раст во продажбата се потврдува дека привлечен пакет субвенции е најефикасен начин за повторно заживување на пазарот. Во октомври, продажбата порасна за дури 34 проценти.

Сопствениците на автомобили стари меѓу седум и десет години добиваат 1.000 евра од државата и 1.000 евра од дилерот за нивниот стар автомобилот да го заменат со нов, со пониска потрошувачка на гориво и цена до 25.000 евра. Владата на Шпанија првично планираше да потроши 150 милиони евра за поттикнување на продажбата и замена на стариот и нееколошки возен парк, но поради големиот интерес на пазарот и интересот на домашната индустрија во порастот на продажбата, владата набрзо реагираше со дополнителни 70 милиони евра.

Со трите пакети субвенции од крајот на минатата година се продадоа околу 300.000 нови автомобили на шпанскиот пазар, додека вкупната продажба на возила во првите 11 месеци се зголеми за 2 проценти, на 662.188 возила. До крајот на годината се очекува Шпанците да се снабдат со 720.000 нови возила.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Шефот ќе ја спасува Alfa – по четврти пат!

Golf VII е веќе половина милионер