Студија на база на Mitsubishi Outlander за салонот во Париз

Предниот дел на студијата на Outlander го покажува „носот“ на идните нови модели на Mitsubishi

Mitsubishi ќе ја претстави студијата Outlander PHEV Concept S на салонот во Париз. Возилото има агресивен изглед и ја користи техниката од хибридниот теренец.

Пред две години Јапонците премиерно го прикажаа Outlander со хибриден погон со надворешно полнење на салонот во Париз. Покрај тоа што е прв хибриден модел на Mitsubishi со можност за полнење „на штекер“ Outlander PHEV е воедно и прв спортски теренец во светот со оваа технологија. Две години подоцна Јапонците повторно го користат салонот во Париз за претставување на студијата на Outlander PHEV Concept-S, со стандардната техника, но со многу поагресивен дизајн.

Под каросеријата работи дволитарски бензинец со 121 КС, кој зависно од условите на возење ги полни батериите од 12 киловатчасови или директно ги задвижува тркалата. При возење на струја, погонот го преземаат два електромотора со по 82 КС. Каросеријата е подолга за 105 милиметри, при непроменето меѓуоскино растојание, со вкупно 4,76 метри меѓу браниците. Порасна и ширината за 42 милиметри, на 1,84 метар, а висината е зголемена за 20 милиметри и изнесува точно 1,7 метар.

Внатрешноста на студијата се разликува во дрвените облоги што потсеќаат на јапонската рачна изработка и во меката кожа на седиштата, исто така во рачна изработка
Внатрешноста на студијата се разликува во дрвените облоги што потсеќаат на јапонската рачна изработка и во меката кожа на седиштата, исто така во рачна изработка

Внатрешноста се разликува од стандардниот модел само во црните внатрешни облоги со изглед на дрво и сребрени акценти, како и седишта во црвена боја, со рачно сошиени кожени облоги.
На штандот на Mitsubishi во Париз ќе бидат прикажани единаесет модели. Покрај студијата, ќе биде прикажана и рели верзија од хибридниот Outlander, којшто веќе учествуваше на Азиското крос-кантри рели.

Претходна објаваOpel Mokka поштедлив за 20 проценти со новиот дизел мотор
Следна објаваСтудијата Tristar го најавува новиот Volkswagen Transporter

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here