за

Студија: Издувните гасови ги зачепуваат артериите

Заболувањата како последица од зачепувањето на артериите се најчеста причина за смрт кај развиените земји. Според последните мерења, македонскиот воздух е катаклизмично лош.

Издувните гасови од автомобилите може да предизвикаат зачепување на артериите. Штетните гасови го претвораат добриот холестерин (HDL) во телото во лош холестерин (LDL), а покрај тоа предизвикуваат дополнителни оксидациски процеси, кои што може да предизвикаат губење на еластичноста на крвните садови. Тоа го утврдија научниците од Универзитетот Калифорнија (UCLA) во експеримент со лабораториски глувци. Меѓу потенцијалните последици се вбројуваат срцеви заболувања и инфаркт.

Лабораториските глувци биле изложувани повеќе часови во текот на денот на висока концентрација на издувни гасови од дизелски мотори во период од две недели. Според научниците, најмогу вознемирува фактот што ниту еднонеделен третман со пречистен воздух не ги отстранува оштетувањата. Тимот американски кардиолози предводен од доктор Хесус Араухо советуваат изложувањето на издувните гасови од сообраќајот да се сведе на минимална мера.

Според податоците од Светската Здравствена Организација, за нашата престолнина се наведуваат како просек 80 микрограми честички ПМ10 на метар кубен воздух – за 2008 година и за 3 мерни станици во градот. Ситуацијата во Битола е нешто подобра со 66 микрограми ПМ10. Квалитетот на воздухот во Македонија е најнизок во Тетово, каде се бележат 84 микрограми од цврстите честички на метар кубен.

За споредба, во Париз има 38 микрограми ПМ10, во Милано 44, во Њујорк 21, во Токио 23 микрограми ситни честички на метар кубен воздух. Според загаденоста на воздухот, Скопје е на приближно ниво со градовите Шангај (81), Ахмадабад (80), Кочамамба (80). Апсолутен рекордер е иранскиот град Аваз со просек од 372 микрограми честички ПМ10, додека најчист е канадскиот Вајтхорс со 6 микрограми.

Според мерењата на Министерството за животна средина, на 20-ти мај годинава, концентрацијата на ПМ10 во скопски Центар изнесувала 81,7 микрограми, во Карпош 76,5 и 77,7 во Лисиче.

Подолу се вредностите за загаденоста со честички PM10, која што служи само како ориентир за општата загаденост на воздухот со штетни материи, вклучувајќи азотни оксиди, сулфурен диоксид и јаглероден моноксид. Причините за алармирање за загаденоста на македонскиот воздух стануваат уште поочигледни ако се земат во предвид и другите штетни емисии. Во Карпош, на пример, денес во 8 часот била забележана концентрација на сулфурен диоксид од 680,1 μg/m3, додека дозволената вредност изнесува 350 μg/m3. Иста е ситуацијата со азотниот диоксид. Во истата скопска општина, денес во 9 часот е измерена концентрација на NO2 од 7388,1 μg/m3 – при дозволени 200 μg/m3. Тоа што сите го чувствуваат се потврдува и со бројките.

Вредности на загаденоста на воздухот со честички PM10

Станица Последно пречекорување Концентрација (µg/m3)
Центар 2013-05-20 81.7
Карпош 2013-05-20 76.5
Лисиче 2013-05-20 77.5
Гази Баба 2013-05-21 54.4
Ректорат 2013-05-20 62.4
Миладиновци 2013-05-20 70.2
Мршевци
Битола 1 2013-05-20 109.9
Битола 2
Кичево 2013-05-20 97.7
Лазарополе 2013-05-20 50.3
Тетово 2013-05-21 86.3
Велес 1
Велес 2 2013-05-20 90.9
Кочани 2013-03-18 58.4
Кавадарци 2013-05-20 103.0
Куманово

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Тракс Макс • Трендот на малечките теренци

Германската пошта доаѓа на струја