за

Студија во САД: Бензинците ќе доминираат и во 2040 година

Студијата на Министерството за енергија на САД покажа дека и во 2040 година најголемиот дел од возилата во државата ќе имаат бензински мотор.

Министерството предвидува дека уделот на бензинот во вкјупната потрошувачка на горива ќе се намали во 2040 година, од актуелните 82 проценти, на 78 проценти. Тоа е релативно мало опаѓање, ако се има во предвид трендот на намалување на просечната потрошувачка на возилата во државата во последните години, но студијата на енергетичарите покажува и дека Американците во иднина ќе возат уште повеќе. До 2040 година просечната километража што годишно ја минуваат американските возачи ќе се зголеми за дури 30 проценти.

Автомобилите во САД денес трошат во просек 13,5 литри на 100 километри. Во иднина оваа вредност ќе се смали драстично, на само 7,6 литри. Според владината институција, хибридите ќе имаат релативно мала улога во намалувањето на просечната потрошувачка, затоа што нивниот продажен удел ќе се зголеми од 3 на пет проценти. Хибридите со надворешно полнење и возилата со погон на струја исто така ќе имаат маргинална улога во 2040 година, со двопроцентно учество во продажбата, додека учеството на дизелските мотори ќе се зголеми двојно.

Последниот заклучок на министерството е пријатно изненадување за Американците: Цените на горивата нема да се зголемуваат со динамиката што се предвидуваше досега. Во 2040 година, галон гориво ќе чини 3,90 долари, наспроти сегашните 3,23 долари.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сиромаштијата ги остави Грците без автомобил

Да не ти се верува: Возниот парк на студентите во Дубаи