Стартува производството на Honda Civic Tourer

Попладнево почна производството на новиот Civic Tourer во фабриката на Honda во Свиндон, Англија. Првите примероци ќе бидат испорачани на европскиот пазар во февруари.

Новото комби во моделската понуда на Civic со ознака Tourer во почетокот ќе биде достапно со два мотора, 1,8-литарски бензинец и 1,6-литарски дизел. Моделот со дизелски мотор со 120 КС и 300 њутнметри забрзува за 10,1 секунди до темпо сто и во просек троши само 3,8 литри гориво според фабричките норми.

Претходна објаваOpel се откажува од заеднички возила со Peugeot и Citroen
Следна објаваДесетте најевтини автомобили на македонскиот пазар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here