за

Специјална серија од Mazda MX-5 RF ќе биде достапна само онлајн

Изведбата со цврст покрив од Mazda MX-5 ќе стартува со продажба во ограничена серија примероци. Серијата Launch Edition ќе може да се нарача само онлајн, што е премиера за јапонската марка. Во повеќе земји, планираните примероци од ексклузивната серија се веќе распродадени.

Изведбата со триделен преклоплив покрив врз основа на родстерот MX-5 ќе ја стартува продажбата со специјална серија во ограничен број примероци и достапна само онлајн. Резервациите за Mazda MX-5 RF Launch Edition ќе бидат отворени во текот на декември, заедно со редовните нарачки за стандардната верзија на „RF“.

За воведната серија Launch Edition ќе може да се избира меѓу три премиум-лакови (во црвена, сива или бела боја), а стандардно следуваат и бандажи BBS од 17 инчи и каросериски детали во контрастна боја, како црн покрив или црни капи на ретровизорите. Седиштата се Recaro во комбинација од алкантара и кожа, којашто се повторува во вратите и на арматурната табла.

Како знак за припадност на ексклузивната серија, во кокпитот на Launch Edition се наоѓа плочка со серискиот број и алуминиумски лајсни на праговите. MX-5 RF Launch Edition е достапен само во комбинација со моторот Skyactiv-G со 160 КС и со мануелен менувач со 6 степени. Со тоа следуваат и спортски амортизери Bilstein и попречно зајакнување на кошот на моторот. Испораката се очекува да стартува во мај.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Златен волан за најдобрите автомобилски новитети на годината

Електричната револуција јури под полн напон: Над 20 модели со погон на струја