за

Сопствениците на Jaguar се најзадоволни од своите возила

Втора година по ред марката Jaguar победува во студијата за задоволството на клиентите на институтот J.D.Power и на магазинот What Car.

Титулата во вишата средна класа ја понесе Jaguar XF, меѓу другото и со високите оцени за перформансите, како и за трошоците за сервисирање и одржување, кои што ги доби од сопствениците на возилото. Сестринската марка Land Rover се пласираше на шестото место и за најголемото пробивање на листата ја доби специјалната награда Star Brand.

Специјализираната марка за теренски возила лани за прв пат се најде меѓу десетте најдобри марки според оцените на сопствениците. Со издржливоста особено се издвојуваат моделите Discovery и Freelander. На четирите места меѓу двете британски марки се најдоа Lexus, Honda, Skoda и Mercedes Benz.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Се враќа Saab 9-3 од Шведска?

Audi се откажува од електричните верзии на A1 и A8