за ,

Сопствениците на електричниот Nissan добиваат бесплатно кола за на одмор

Ограничениот досег е најголемиот недостаток на електричните автомобили. Nissan најде решение. Сопствениците на Leaf можат две недели бесплатно да го користат кросоверот Qashqai.

Досегот од 200 километри со полни батерии на Nissan Leaf е повеќе од доволен за автомобилското секојдневие. Но, не и за патување на одмор. Затоа, во сезоната на годишните одмори, Nissan им нуди на сопствениците на Leaf можност да користат возило со обичен погон.

Сопствениците на најпродаваниот електричен автомобил, со досега 70.000 примероци на глобално ниво, можат да го користат кросоверот Nissan Qashqai бесплатно до 14 денови во текот на една година, и тоа во период три години по купувањето на возилото.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Безшумни гуми од Continental

Alfa Romeo се враќа на традицијата