за

Соларен панел против празнење на акумулаторот

Современите возила се преполни со софистицирана електроника што постојано влече струја од акумулаторот, дури и кога возилото мирува. Англиска компанија нуди соларен панел како решение.

Постојаното влечење струја може при подолго мирување на возилото целосно да го испразни акумулаторот, што е типична ситуација кога возилото се остава паркирано на аеродром за време на летниот одмор. Непријатно е чувството кога по враќањето ќе се утврди дека возилото не може да стартува заради тоа што во меѓувреме се испразнил акумулаторот.

Англиската компанија Ring Automotive нуди соларни панели на кои што ја одржуваат наполнетоста на акумулаторот. Овие панели едноставно се поврзуваат на приклучокот за 12 волти во кокпитот и се оставаат врз таблата на место каде што има најмногу сончево зрачење.

Соларниот полнач може да се поврзе и директно на акумулаторот преку обични штипалки. Полначот е отпорен на атмосферски влијанија и може да се користи и на отворено, за полнење на разни преносни уреди. Најевтиниот уред чини 20 фунти и одговара за помали автомобили, додека верзијата на уредот за камп приколки чини 60 фунти.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Возачите на BMW прават најмногу прекршоци во сообраќајот

Фејслифт на Skoda Yeti: Од едно добиваш две