за ,

Скопје е повеќе загадено од Париз, Мадрид и Берлин заедно

Според некои јавни излагања, Скопје се соочува со истиот проблем со загадувањето на воздухот како и големите градови во светот. Дали станува збор за случајна лага или ненамерна неинформираност не е предмет на наше разгледување, но затоа вистината може да се сознае на списокот на Светската Здравствена Организација. За подобра ориентација, последните податоци за Скопје потекнуваат од 2008 година, односно пред ослободувањето на увозот на автомобили без какво било регулирање на еколошкиот статус. Мерењето на вредностите на актуелното загадување на воздухот повеќе нема смисла – не се дише. Разликата од тогашната до актуелната состојба е тоа што воздухот во Скопје бил многу почист од денешниот, додека воздухот во еколошки совесните животни средини низ светот значително се подобрил.

Уште во 2008 година скопскиот воздух бил трипати позагаден од парискиот!

На следниот список според официјалните податоци на СЗО ги прикажуваме вредностите на загадувањето за најголемите градови во државите во светот, по растечки редослед, односно од најчистите, кон највалканите градови. Од 90 градови, Скопје е на 70-то место, повторно со напомена, според податоците за 2008 година. Според актуелните податоци, македонската престолнина може да го презеде приматот на овој список како најзагаден град во светот.

Годишна просечна концентрација на PM10 (Честички со пречник од 10 μm и помали), во најголемите градови во државите во светот
Држава Град Концентрација на PM10 во ug/m3 (годишен просек) Година
Естонија Талин 11 2008
Австралија Сиднеј 12 2009
Маурициус Порт Луис 12 2009
Нов Зеланд Оукленд 15 2010
Ирска Даблин 15 2008
Луксембург Луксембург 18 2008
Монако Монако 18 2008
Бутан Триумфу 18 2006
Сан Марино Сан Марино 20 2009
Финска Хелсинки 20 2008
Литванија Вилниус 21 2008
Соединети Американски Држави Њујорк 21 2009
Швајцарија Цирих 21 2008
Канада Торонто 21 2008
Норвешка Осло 22 2008
Словачка Братислава 23 2008
Исланд Рејкјавик 23 2008
Јапонија Токио 23 2009
Холандија Амстердам 24 2008
Австрија Виена 25 2008
Данска Копенхаген 26 2008
Шпанија Мадрид 26 2008
Германија Берлин 26 2008
Белорусија Минск 26 2008
Чешка Република Прага 27 2008
Костарика Сан Хозе 28 2007
Белгија Брисел 28 2008
Шведска Стокхолм 28 2008
Унгарија Будимпешта 29 2008
Велика Британија Лондон 29 2008
Панама Панама 29 2009
Сингапур Сингапур 29 2009
Словенија Љубљана 30 2008
Португалија Лисабон 30 2008
Полска Варшава 32 2008
Руска Федерација Москва 33 2009
Еквадор Квито 34 2009
Хрватска Загреб 34 2008
Венецуела Каракас 37 2008
Франција Париз 38 2008
Аргентина Буенос Аирес 38 2010
Бразил Сао Пауло 38 2009
Летонија Рига 39 2008
Уругвај Монтевидео 39 2009
Грција Атина 41 2008
Алжир Алжир 42 2006
Малта Мсида 43 2007
Индонезија Џакарта 43 2008
Србија Белград 43 2008
Италија Милано 44 2008
Филипини Манила 47 2007
Јамајка Кинстон 48 2008
Романија Букурешт 48 2008
Ел Салвадор Сан Салвадор 48 2007
Гватемала Гватемала 48 2008
Малезија Куала Лумпур 49 2008
Либан Бејрут 53 2004
Кипар Никозија 53 2007
Тајланд Банкок 54 2008
Турција Истанбул 59 2008
Израел Ерусалим 60 2009
Кореја, Република Сеул 64 2007
Танзанија Дар ес Салам 64 2005-2006
Јужна Африка Јоханесбург 66 2009
Мадагаскар Антанананриво 68 2003
Бугарија Софија 68 2008
Чиле Сантијаго де Чиле 71 2009
Шри Ланка Коломбо 77 2008
Колумбија Богота 77 2007
Перу Лима 78 2010
Македонија Скопје 80 2008
Кина Шангај 81 2009
Боливија Санта Круз де ла Сера 83 2007
Тунис Тунис 87 2006
Мијанмар Јангон 96 2007
Иран Техеран 96 2009
Гана Акра 98 2008
Непал Катманду 106 2005
Обединети Арапски Емирати Абу Даби 117 2008
Босна и Херцеговина Сараево 117 2008
Кувајт Кувајт 123 2004
Индија Бомбај 132 2008
Бангладеш Дака 134 2007
Мексико Мексико Сити 137 2009
Египет Каиро 138 2008
Сенегал Дакар 145 2010
Саудиска Арабија Ријад 157 2003
Пакистан Карачи 193 2003-2004
Боцвана Габорон 216 2005
Монголија Уланбатор 279 2008

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со обележување на нечистите возила против загадувањето

Honda се враќа како ѕвезда на јапонската автоиндустрија