Сите претходници на Aston Martin DB11

На DB9 му се бројат последните денови додека новиот член на легендарната моделска серија се појавува во салоните на британската марка. Тоа е одличен повод за кус историски осврт во чест на култната серија на Aston Martin.

Aston Martin V8 од 1972 година

aston martin v8 vantage 1

Кон крајот на 1960-те години, купувачите на Aston Martin копнееја по осумцилиндарец и британската марка реши да излезе во пресрет на овие барања започнувајќи го развојот на поголем модел во својата понуда. Шестцилиндарскиот мотор од DB6 не беше доволно моќен да се носи со новиот знаменосец на Aston Martin, што беше уште една причина за воведување на поголем мотор. Моделот со осумцилиндарец од 5,3 литри и над 300 КС беше подготвен за сериско производство во 1972 година. Новиот модел беше означен едноставно како Aston Martin V8 и остана како речиси единствен модел во понудата на британската марка близу две децении.

Aston Martin Virage од 1989 година

aston martin virage vantage

Virage доживеа премиера на салонот во Бирмингем во 1988 година, како замена за речиси дваесетгодишниот Aston Martin V8. Појавувањето на овој модел го означи новиот дизајнерски јазик којшто продолжи да се негува кај идните модели на Aston Martin. Моторот V8 претрпе само мали промени, меѓу другото вклучувајќи нови глави со коишто моќноста се зголеми на 330 КС.

Aston Martin Vantage од 1993 година

aston martin V8 Vantage Le Mans

Исто како и повеќето други модели на Aston Martin, Virage беше достапен и во спортската верзија наречена Vantage. Иако Vantage официјално не се води како наследник на Virage, модификациите што ги претрпе моделот донекаде го оправдуваат тоа. Освежувањата во дизајнот на каросеријата и во ентериерот не се толку важни колку промените што се случија во механиката. Како сопственик на 75 проценти од акциите на Aston Martin од 1987 година, компанијата Ford помогна стариот V8 од Virage да доживее радикален прогрес. Со два механички компресора моќноста се зголеми од 330 на 550 КС. Со оваа енормна моќ, елегантниот спортски автомобил на Aston Martin беше супериорен во споредба со конкуренцијата во 1993 година.

Во 1999 година, Aston Martin ја понуди ексклузивната серија Le Mans пред замената на Vantage. Освен променетиот дизајн на предниот дел и двата големи канали во хаубата, Le Mans располагаше и со 60 КС повеќе под хаубата. Со импресивни 612 КС, Aston Martin го имаше најсилниот автомобил во тоа време, откако McLaren престана со производство на F1 со неговите 627 КС. Дури во 2009 година, Британците понудија модел со повеќе коњски сили од Le Mans, во моделот One-77.

Aston Martin DB7 од 1994 година

aston martin db7

Во почетокот на 1990-те години, Aston Martin мораше да ја зголеми продажбата заради опстанок. Раководството на марката реши да понуди помал и поевтин модел со шестцилиндарски мотор. Така се роди DB7. Новиот модел, когошто многумина го сметаат за најубав модел на марката, помогна продажбата да постигне значителен раст. Очигледно е влијанието на DB7 врз дизајнот на актуелните модели на Aston Martin. Во 1999 година, марката го претстави DB7 Vantage, како свој прв модел со мотор V12. Исто како претходниците, DB7 се нудеше и како кабриолет под моделската ознака Volante.

Aston Martin DB9 од 2004 година

Aston Martin DB9

Новиот модел на Aston Martin требаше да постигне висока продукција во новоизградената фабрика во Гајдон. Конструкцијата на DB9 беше изработена главно од алуминиум. Со шестлитарски V12 со 450 КС, во престижното купе се гледаше шанса за технолошко и финансиско заживување на славната британска марка. Во наредните години, платформата од DB9 се користеше за изведување на неколку различни модели, вклучувајќи ги спортската варијанта DBS, Virage, Vanquish, V8 и V12 Vantage, па дури и купе-лимузината Rapide. Во 2012 година следеше мало освежување за моделот, заедно со екстровертната верзија на Virage. Од следнава недела наследникот DB11 и официјално пристига во салоните на Aston Martin.

Aston Martin DB11 од 2016 година

aston martin db11 4367 (15)

Новиот DB11 располага со 5,2 литарски V12 со турбонатполнење и 608 КС, во замена за шестлитарскиот V12 од DB9. Со овој мотор, DB11 ја има честа да се води како најсилен модел на Aston Martin од сериско производство. Подеднакво радикални промени се случија и во самата концепција на моделот, којшто поаѓа во поразлична насока во споредба со претходникот DB9. Под каросеријата којашто се одликува со широка хауба и остри линии во опашот, се крие иновативен аеродинамички концепт, со комплициран систем од канали и елементи за спроведување на воздухот што се сокриени од погледот.

[FAG id=25121]

Претходна објаваMercedes го претстави првиот електричен камион од „тешка категорија“
Следна објаваТакси компанија од Манчестер со посебна тарифа за играчи на Покемон Го

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here