за

Силна наелектризираност во Toyota

Toyota е кралица на хибридниот погон и нема што повеќе да докажува – освен можеби иден сериски модел со хибридната технологија од болидите што се тркаат за марката?

Јапонците најавија дека на салонот во Франкфурт ќе го претстават концептниот автомобил Hybrid-R со хибридна технологија што марката ја користи на тркачките патеки. Конструиран врз техничка платформа од модел од актуелната понуда на Toyota, Hybrid-R поседува моќен бензински мотор, кој добива поддршка од четири електромотори. Системската моќност на хибридниот погон изнесува преку 400 КС, што е вредност мошне блиска со хибридниот тркач TS030. Погонот може да работи во два режима, односно за тркачка патека и за секојдневие, според потребите и желбите на возачот.

toyota logo r

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рекордот од пред три децении: 50.000 километри за двесте часови

Петтиот (транспортен) елемент!