за

Се враќа Saab 9-3 од Шведска?

Според англиската интернет страница „just-auto“, претпријатието National Electric Vehicle Sveden (NEVS) планира наскоро да продолжи со производство на Saab 9-3 со бензински и дизелски мотори.

Шведското претпријатие може да стартува со производство на Saab 9-3 веќе наесен. Моментно се водат преговори со добавувачите, односно потребно е да се обезбеди испорака на околу 2.400 различни компоненти за возилото.

Настрана од овие шпекулации, NEVS останува на плановите во 2014 година да го пушти на пазарот моделот 9-3 со погон на струја. Шведскиот производител на автомобили веќе има изработено неколку прототипи за тестирање. Инаку, платформата на возилото во поголем дел потекнува од последната генерација на Opel Vectra, сестринскиот модел на Saab 9-3, во рамките на групацијата General Motors, поранешен сопственик на Saab.

Во поранешната матична фабрика на Saab во Тролхетен се вработени околу 140 лица, кои се ангажирани на снабдување со резервни делови за моделите на Saab. Оваа деловна гранка остана поштедена од стечајната постапка на претпријатието пред една ипол година и се наоѓа под државна контрола.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Собир на олдтајмери на езерото Комо

Сопствениците на Jaguar се најзадоволни од своите возила