за

Сервис за брза достава со Volkswagen Amarok со 272 КС

Марката Volkswagen ги забавува своите фанови на собирот покрај езерото Вертер. Студијата врз база на пикапот Amarok што се појавува таму е на границата меѓу забава и паника.

Како димензиите да не се доволни. Овој Amarok е долг 5,25 метри, широк 2,22 метри, па згора на тоа има и 272 КС. Комбинацијата од продолжена единечна кабина, крила проширени по 6 сантиметри и подвозје пониско за 8 сантиметри оди со трилитарски дизел V6 со 272 КС и вртежен момент од 600 њутнметри, кој се пренесува постојано на сите четири тркала преку осумстепен автоматик. Ако возачот се реши на таков подвиг, брзина од 100 километри на час се постигнува од место по 7,9 секунди. Тоа воопшто не е лошо за автомобил кој има товарна површина од 3,5 метри квадратни, тамам да собере две европалети.

2013190071_0003

Во кабината на пикапот владее атмосферата што е препознатлива за GTI, со комбинација од црна, црвена и бела боја. Вратите, школкастите седишта, спортскиот волан и екстрашироката средишна конзола се обложени со црна кожа и карбон. Арматурната табла исто така е обложена со кожа и има дополнителни инструменти за читање на притисокот на натполнење и штоперка за мерење на времињата на брзиот пикап.

2013190071_0001

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Maserati Quattroporte S Q4 за широки народни маси

Тест: Mitsubishi Outlander 2.2 DI-D Instyle Navi