Секој четврти нов автомобил во Франција е Renault

Пет модели на Renault се меѓу десетте најпродавани модели на францускиот пазар. Со 105.000 примероци, Clio е бестселер во минататата година, а со него и Captur, Scenic, Megane и Dacia Sandero.

Француската марка ги објави продажните резултати на домашниот пазар во минатата година. Со 353.906 нови автомобили, Renault поседува 19,7 проценти од францускиот пазар, што претставува зголемување од 4,8 проценти, во услови кога целиот пазар порасна за само 0,5 проценти. Clio е најпродаван автомобил на францускиот пазар во минатата година, со повеќе од 105.000 примероци, додека веќе на третото место следува кросоверот Captur, којшто постигна зголемување на продажбата од дури 60%. Renault може да биде задоволен и од одличната продажба на новиот Twingo, којшто за четири месеци достигна 15.000 примероци. Лидер во сегментот на компактните кросовери и натаму е Scenic, со 49.000 примероци. Предноста е уште поубедлива кај товарните возила, со првите три места за Kangoo, Clio и Master.

Електричниот ZOE во минатата година се продаде во 6.000 примероци и поседува близу 60% од францускиот пазар за електрични возила

На добрите продажни резултати секако дека се надоврзува и романската марка Dacia, како втора марка во групацијата. Dacia лани продаде 102.519 возила во Франција, освојувајќи 5,7% од пазарот и пласирајќи се на петтото место на најпродавани марки. Sandero е трет најпродаван модел на пазарот на приватни купувачи, пред Duster, којшто постигна зголемување на продажбата од 55,2% и вкупно преку 40.000 продадени примероци.

Претходна објаваКина во Детроит: GAC најавува компактен кросовер
Следна објаваГрејачите во седиштата се решение за студените денови

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here