Првиот малечок автомобил со хибриден погон на европскиот пазар учествува со половина во дневната продукција во фабриката во Валенсиен, Франција.
Поради големата побарувачка за моделот, Toyota го зголеми производствениот капацитет во фабриката во Франција. Во средината на следниот месец се очекува да стартува и продажбата на компактното комби Auris Hybrid Touring Sports, со што уште повеќе ќе се зголеми уделот на возила со хибриден погон во продажбата на јапонската марка. Растечкиот интерес на купувачите покажува дека хибридниот погон прерасна во целосно прифатена алтернатива на возилата со обичен погон.
Со просечна потрошувачка од 3,5 литри бензин и емисија на СО2 од 79 грами на километар, Yaris Hybrid е еден од најштедливите возила на европскиот пазар. На споредбен тест на магазинот Auto Bild, малечкиот хибрид неодамна се пласираше на првото место, меѓу другото благодарение и на ниските оперативни трошоци. Моделот стартува на европскиот пазар од околу 17.000 евра.
Toyota е единствен авто производител во светот со комплетно портфолио од хибридни возила во сите класи. Понудата на модели почнува со Yaris Hybrid, преку компактнитe Auris Hybrid и Lexus CT200h, семејството Prius, Prius Plug-in Hybrid и седумседот Prius+, до спортскиот теренец Lexus RX 450h, новиот Lexus IS 300h, како и спортската лимузина Lexus GS 450h и луксузниот крстосувач Lexus LS 600h.