Во првото тримесечје од годинава, Toyota продаде околу 200.000 возила на европскиот пазар. Секое петто од овие возила е со две срца, односно има хибриден погон.
Во првите три месеци од 2013 година, точно 38.673 купувач на Toyota и Lexus во Европа се решиле за хибридниот погон, што е зголемување од дури 82,3 проценти во споредба со истиот период лани. Најпродаван во Европа е Auris Hybrid со 12.726 примероци (+69,2%), пред Yaris Hybrid со 11.459 примероци. Од 2000 година, Toyota и Lexus имаат продадено 544.184 хибридни модели, што претставува десет проценти од глобалната продажба на хибриди на јапонската марка.