за

Седум први места за квалитетот на возилата на Toyota

Помалку дефекти, повеќе први места. Toyota е најдобра марка во извештајот за користени возила на Германското здружение за технички преглед. Заедно со Lexus, дури 12 први места.

Автомобилите со знакот на Toyota се победници во сите класи на возила и старост во актуелното истражување за квалитетот и изржливоста на користените возила спроведено од Германското здружение за технички преглед. Резултатот произлегува од оценувањето на повеќе од пет милиони технички прегледи на возила.

Во истражувањето на здружението се става посебен нагласок на квалитетот на компонентите од возилото кои што се релевантни за безбедноста. Одделните модели се споредуваат во повеќе класи на возила и на старост. На тој начин, извештајот на Здружението за технички преглед дава вистинска слика за издржливоста и долгорочната трајност на возилата.

Резултатите повторно ја докажуваат високата издржливост и квалитетот на возилата на Toyota. Хибридот Prius победи во компакт класата во четири групи на старост, односно кај возилата стари од 4 до 5 години, 6 до 7, 8 до 9 и повеќе од девет години. Тоа воедно ја докажува и издржливоста на хибридниот погон.

Убедливата победа во компакт класата ја крунисува првото место на Toyota Auris во групата на старост меѓу една и 3 години. Првите места ги освоија и малечкиот iQ (старост меѓу 4 и 5 години), како и Avensis Kombi (над 9 години).

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Jaguar Land Rover инвестира 1,5 милијарда фунти во алуминиум

Mercedes меѓу радио станиците