Сега и Bentley има 608 коњски сили за трка

Bentley Continental може многу работи што другите не можат, затоа е ексклузивен. Ако посака, луксузното купе може и да се трка. Специјаланата верзија Continental GT3 ќе го прави токму тоа.

Производителите се појавуваат на Фестивалот на брзината за да ги покажат мускулите. Колку мускули има Bentley покажа тркачката верзија Continental GT3, која што доживеа светска премиера во англискиот Гудвуд.

_JL86602_2

За погонот се грижи засилена верзија на четирилитарскиот мотор V8 со битурбо натполнење, специјално изведена со подмачкување со сув картер и со моќност од 608 КС. Компактната и лесна конструкција на моторот е предност на тркачката патека. Моќта од моторот се пренесува на задните тркала преку карданско вратило изработено од карбон и преку секвенцијален шестстепен менувач Xtrac со блокада на диференцијал, кој заради подобра распределба на тежината е интегриран во задната оска.

_JL86713_2

За совршен баланс на максимален потисок и оптимален отпор на воздух, каросеријата на тркачкиот Bentley поседува посебен пакет за аеродинамика, кој се состои од заден спојлер од карбон и преден спојлер изработен од истиот материјал. Тежината на GT3 e под 1.300 килограми, што е постигнато со замена на кожените облоги во ентериерот и многубројните електронски системи.

Во следните недели Continental GT3 ќе се тестира на тркачка патека за завршно дотерување на подвозјето и на моторот за трки. Потоа следи хомологација од FIA и чекање на датумот на прво појавување на трките во серијата Blancpain на FIA во 2014 година.

Претходна објаваБританија инвестира милијарда фунти во штедливи мотори
Следна објаваТест: Mitsubishi Space Star 1.0 Inform

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here