за

Сега и Европа лансира автомобили на небото

Летачките автомобили постојат само во СФ-филмовите? Погрешно. Америка веќе има таков автомобил, а сега и Европа ги пушта првите автомобили да летаат по небото. Дали во иднина ќе полетаме кога ќе се појави застој на патиштата?

„Сетете се на моите зборови: Некогаш ќе постои комбинација од авион и автомобил. Можете да се смеете, но тоа ќе се случи“. Уште во 1940 година Хенри Форд знаеше дека нема да остане само на автомобили што возат по улица. Пронаоѓачот на подвижната лента прв почна да произведува автомобили во милионски серии и го направи возењето достапно за секого. Но, неговиот автомобил, моделот T, познат и како „Тин Лизи“, ги превезуваше луѓето само по земја.

terrafugia-transition

Сонот за летачкиот автомобил е стар речиси колку и самиот автомобил. Уште тогаш многумина работеа на универзални возила. Денес, по 70 години од зборовите на Хенри Форд, веќе постојат неколку автомобили готови за сериско производство, кои што утопијата ќе ја претворат во реалност.

Тројца пилоти го основаа претпријатието за аеронаутика Terrafugia во САД и уште во 2009 година успешно го лансираа нивниот автомобил да лета во воздухот. Бензински мотор со моќност од 104 КС овозможува брзина на летање од 185 km/h, односно возење со 100 km/h на асфалт. Автолеталото се продава во САД уште од 2011 година, првично по цена од 185.000 долари, а сега по 280.000 долари. „Transition“ смее да се управува со пилотска лиценца ЛСА што важи само во САД, а таа се добива по 20 часови летање. Продажбата долго време мирување. Причина за тоа беше високата цена, но и немањето хомологација за возилото да се вози по пат.

Американците конечно го одобрија аеромобилот за сообраќај

По долгогодишна постапка за хомологација, Transition конечно доби дозвола за возење и летање, и официјално се води како малечок авион. Единствена пречка останува неопходноста од полетно-слетна писта со должина од најмалку 800 метри, што го условува Transition да ги користи спортските аеродроми. Производителот ќе го реши и тој проблем: Стартува развој на летечки автомобил што ќе полетува право угоре.

Концептот TF-X ќе почне да го освојува воздушниот простор над закрчените улици по десетина години. Вертикалното полетување ќе го овозможат роторите. Со помош на две висококапацитетни батерии и хибриден погон со надворешно полнење ќе се совладуваат растојанија и до 600 километри.

И Словачка има летечки автомобил

Во меѓувреме и во Европа се појавија првите автомобили што сакаат да полетаат. Во Словачка пред неколку денови успешно заврши пробното летање на Aeromobil 2.5. По дваесет годишен развој, Штефан Клајн, поранешен дизајнер за Audi, BMW и Volkswagen, конечно за прв пат се најде во воздух со неговото летачко возило. Висината на летање и досегот се скромни, но важно е да се лета.

aeromobil

Возилото што изгледа како метален инсект поседува преклопливи крила и карбонска каросерија, а тежи само 450 килограми. За споредба, малечкиот Smart Fortwo тежи двапати повеќе. Моторот е истиот како во Terrafugia Transition, вграден зад кокпитот и со можност погонот да го пренесува на предните тркала или на пропелерот. Двоседот може да постигне до 160 километри на час на асфалт, односно 200 km/h во воздух. Проблем е должината од шест метри, со која што наоѓањето простор за паркирање и воопшто за пробивање низ тесни улички е исто како да е вози Rolls Royce Phantom. Производителот не открива кога ќе стартува со продажба на возилото, но пронаоѓачот Клајн продолжува да работи на неговото усовршување.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

WAZUMA!!! Ова мора да е брзо!

Виена ќе постави 300 полначи за електрични автомобили до 2015 година