за

Себастијан Леб е новиот крал на Пајкс Пик

Пилотот на Peugeot доминираше на најпознатата ридска трка во светот. Себастијан Леб ја извозе патеката од 20 километри за 8.13,878 минути и постави нов рекорд.

Со овој резултат, актуелната ѕвезда на светското рели го собори претходниот рекорд од 9.46,164 минути за повеќе од една ипол минута. Просечната брзина што ја постигна деветкратниот шампион во рели на патеката со 156 свијоци до целта изнесува 145 километри на час. Тоа е за две секунди подобро од теоретското време кое што со помош на компјутерска програма беше добиено од времињата на тестирање на Леб.

ampnet_photo_20130701_063874

[one_half]

ampnet_photo_20130701_063875

[/one_half]

[one_half_last]ampnet_photo_20130701_063877[/one_half_last]

Единствена причина за загриженост за Себ беа временските услови. „Имаше неколку одлагања“, објаснува Французинот. „Од стартот се гледаше дека се наоблачува на врвот на Пајкс Пик. Тогаш помислив: Ако не стартуваме набрзо, ќе биде многу тешко.“

Не очекував дека ќе возам побрзо од 8.15 минути. Затоа овие 8.13 минути се фантастични. На стартот се двоумев дали да возам на самиот лимит или да оставам простор и без голем ризик да извозам до победа. На крајот сепак дадов сé од себе, но постојано имав контрола над возилото

Со овој успех Леб ја постигна третата победа за Peugeot на пајкс Пик, по 1988 (Ари Ватанен) и 1989 (Роби Анзер, која што е втора најстара авто трка во САД по 500 Милји Индијанополис. Пред точно 25 години, Ватанен исто така постави рекордно време со 10.47,220 минути. „Ова беше најважна трка за мене“, открива Леб. „На почетокот почувствував голем притисок, затоа што Peugeot и партнерите инвестираа многу во овој проект. Затоа морав да бидам најдобар. Победата ми значи многу. Отсекогаш посакував да стартувам тука.“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест • Ford B-Max 1.0 Ecoboost Titanium

Американците учат штедење: Пикапот Ram1500 со дизелски мотор