за

Светска премиера и рекорд за Porsche 918 Spyder

Новиот супермодел на Porsche со хибриден погон е прв автомобил што го извозе долгиот круг на Нирбургринг за помалку од седум минути.

Со време од шест минути и 57 секунди, Porsche 918 Spyder го подобри досегашниот рекорд за цели 14 секунди. Шефот на Porsche за развој, Волфганг Кац, по овој повод изјави: „Ветивме дека со 918 Spyder ќе ги дефинираме одново задоволството во возење, ефикасноста и перформансите. Го одржавме зборот.“

Суперспортскиот автомобил на Porsche е предводник за идните генерации на модели на марката од Цуфенхаузен, спојувајќи максимална динамика во возењето и минимална потрошувачка на гориво. Со рекордот на Нирбургринг се докажува потенцијалот на хибридниот погон на Porsche.

Рекордот стар четири години падна уште за време на првата проба во раните утрински часови на 4-ти септември. Сите тројца возачи, поранешниот рели шампион Валтер Рерл, тест возачот ТИмо Клук и фабрилкиот возач Марк Либ, ја извозеа патеката за помалку од седум минути. Најдоброто време го постави Либ, постигнувајќи просек од 179,5 km/h.

Два примерока на суперспортскиот автомобил со системска моќност од 887 КС беа опремени со опционалниот „пакет Вајсах“, за зголемување на динамиката на возење, со сериските гуми од Michelin кои што се развиени посебно за 918 Spyder.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Suzuki iV-4: Серискиот модел ќе стартува во 2015 година

Германските марки се најдобар избор на користено возило