за

Само Google е подобар работодавец од Volkswagen

Концернот Volkswagen е меѓу најпопуларните работодавци за апсолвентите на инженерските и економските науки во Европа. Од 500 претпријатија од браншата, само Google е подобар.

Истражувањето на институтот trendence спроведено меѓу апсолвентите на техничките и економските универзитети во Европа покажа дека од 500 опфатени фирми, американскиот гигант Google е на првото место како најпосакувана адреса за вработување, а веднаш по него е концернот Volkswagen. Институтот анкетираше 320.000 студенти од 24 европски земји за нивните најпосакувани работодавци и за плановите за кариера.

Шефот за персонал во концернот, Хорст Нојман, изјави: „Тимот на Volkswagen си постави цел да ги прави најдобрите автомобили. Затоа се ангажираме за висока стручна компетентност на нашите вработени и ги вработуваме најдобрите умови. Концернот Volkswagen со своите силни марки и 100 локации низ целиот свет нуди единствена шанса.“ Во минатата година, Volkswagen беше на четвртото место.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Бидете кул кога ќе откаже електрониката

Со зимски гуми во лето се сопира 11 метри подолго