за

Салон во Токио: Suzuki го подготвува наследникот на Jimny

Да создадеме нова приказна – тоа е мотото на Suzuki за претстојниот салон во Токио. Јапонците го најавуваат наследникот на култниот Jimny и уште неколку возила со весел дух во стилот на марката.

Централното место меѓу петте студии што Suzuki ќе ги прикаже во Токио му припаѓа на кросоверот Crosshiker, кој прикажува нов стил и се одликува со лесна конструкција и штедлив мотор. Лесната градба на каросеријата е истата што Suzuki ја примени прв пат кај концептот на мини автомобил G70 и таа овозможува возилото со големина на Swift да тежи само 810 килограми. Во Crosshiker работи еднолитарски мотор од новата генерација.

Suzuki_Concept_Crosshiker

Concept X-Lander

 

Suzuki_Concept_X-LANDER

Овој концепт е стилска вежба за изгледот на новиот Jimny. X-Lander поседува хибриден систем со 1,3-литарски бензинец, електромотор и автоматизиран мануелен менувач, со кого е поврзан погонот на сите тркала.

Concept Hustler / Hustler Coupe

 

Suzuki_Concept_HUSTLER

Suzuki_Concept_HUSTLER Coupe

Студија на кросовер од сегментот на најмалечките автомобили, ориентирана кон активниот животен стил, со висока практичност и зголемено растојание од подлогата, за излети надвор од асфалтот. Suzuki паралелно ќе ја претстави и купе изведбата на Concept Hustler.

Concept iV-4

Suzuki_Concept_iV-4

Suzuki веќе го прикажа изгледот на следната генерација на Vitara на салонот во Франкфурт. Новиот стил на компактниот теренец на Јапонците се одликува со робусен изглед во комбинација со динамични линии. Купувачите ќе имаат можност за индивидуализација на изгледот и функционалноста на возилото. Новата Vitara ќе има комплетно нов погон на сите тркала и ќе почне да се продава на европскиот пазар во 2015 година.

Сериски модели

Покрај новите концептни автомобили Suzuki ќе ја прикаже актуелната моделска палета за јапонскиот пазар: Solio, Swift, Swift Sport, Wagon R, Wagon R Stingray, MR Wagon Wit, Spacia, Spacia Custom, Alto Eco, Alto Lapin Chocolat, Jimny и Carry.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

ВИДЕО: Вака не треба да се шлепува

Во Луксембург се вози со најмногу коњски сили