САД повикуваат пет милиони автомобили во сервисните работилници

Неисправните воздушни перници на јапонскиот добавувач Takata и претходно биле причина за милионски сервисни повици, но скандалот сега кулминира. Националното здружение за безбедност во сообраќајот на САД издаде предупредување дека 4,7 милиони автомобили мораат итно да ги посетат сервисните работилници поради замена на воздушните перници.

Сервисните повици со толкава масовност се реткост и во САД. Американското здружение за безбедност во сообраќајот синоќе издаде соопштение за дефектните воздушни перници на јапонскиот добавувач Takata. Според актуелната состојба, од дефектот се погодени преку 4,7 милиони автомобили од шест марки. Најголема штета има претрпено Honda со 2,8 милиони возила, пред Toyota со 778.200 возила, BMW (570.000 возила), Nissan (437.000), General Motors (133.000) и Mazda (18.000 возила).

Претходна објаваШефот на нафтениот концерн Total загина во Москва
Следна објава30.000 нарачки за новата Opel Corsa

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here